Казни за спречување гласање преку интернет?

Министерството за внатрешни работи ќе постапува и ќе казнува за спречување на излегување на гласење на референдумот. Ова не се однесува единствено за прекршоците кои се прават во физичкиот свет туку и на интернет.

„Македонија е слободна демократска земја со европски манири. Секаков вид на притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите. Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на правото на глас ќе биде санкциониран“, вели министерот Спасовски.

Министерот Оливер Спасовски на прес конференција објави дека за секое спречување ќе следат казни. Она што е нејасно е како некој би бил спречен да гласа преку интернет, иако закани, заплашувања и уцени се дел од речникот на друштвените мрежи веќе подолг период.

Референдумот на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за или против членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција ќе се одржи на 30 септември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии