Казни за сите, Европската Унија ги казни Asus, Denon & Marantz, Philips и Pioneer

Повеќе производителни на електронска и пред се аудио опрема добија казни од Европската Унија. Казнети се Asus, Denon & Marantz, Philips и Pioneer.

Причината за казната е минимална продажна цена. Онлајн продавачите не смееле да ја продаваат опремата од овие произведувачи под дадена долна граница. Оваа пракса е забранета во Европската Унија по што следеа и казни.

Asus треба да плати 6,35 милиони евра, Philips 28,9 милиони евра, Pioneer 10.1 милиони евра и Denon & Marantz 7,7. Производителите за кои е изречена казната се различни, од кујнски апарати, до лаптопи и аудио опрема, вели TechCrunch.

Компаниите дополнително не дозволувале на продавниците сместени во една држава да продаваат во друга. Прекршокот е постар и се однесува на работата на овие компании од 2011 до 2013 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии