Казни за компаниите кои користат „Like“ копче на своите веб-страници

Дејан Соколоски

во feature, ИТ.ЕУ

Нови лоши вести за Facebook, компаниите кои на своите веб страници го користат „Like“-копчето на друштвената мрежа може да бидат казнети. Причината за ова е што на овој начин компаниите овозможуваат податоците на корисниците да бидат префрлени во САД. Ова е забрането со GDPR и компаниите може да добијат високи казни. Но, компаниите не се единствените виновни, во овој случај ќе ја споделат вината со Facebook.

Оваа одлука ја донесе Европскиот суд на правдата на барање „асистенција“ од германски суд. Во спорот помеѓу Fashion ID и германската агенција за заштита на лични податоци, германскиот суд не беше сигурен која пресуда да ја донесе. По консултација со Европскиот суд на правдата, донесена е одлука дека и Facebook и Fashion ID имаат заедничка одговорност. Одлуката е донесена по претходниот закон за заштита на лични податоци, но и со GDPR одговорноста ќе беше иста.

Вгнездените „Facebook“-копчиња собираат податоци од корисниците  и ги препраќаат овие податоци на обработка. Со ова Facebook ги следи корисниците и нуди порелевантни реклами. Дополнително, на овој начин и страниците поедноставно се рекламираат на Facebook.

Одлуката на судот е дека Fashion ID не е виновен за начинот на кој друштвента мрежа ги обработува овие податоци, но компанијата има придобивки и со додавање на копчињата нивните производи се повидливи за корисниците на друштвената мрежа.

Одлуката на судот значително ќе го комплицира користењето на вакви плагини. Во иднина пред да биде приберен било кој податок на корисникот, најпрво ќе треба да побараат и да добијат дозвола.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии