Казна од 1.000 евра ако компанијата не пријави имејл

„Член 7 – Во членот 21 став (3) зборовите: „адреса на електронска пошта“ се бришат. По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Во постапката за упис во надлежниот регистар субјектите на уписот освен податоците определени во ставот (2) од овој член, се должни да ја пријават за упис и адресата на електронското сандаче за прием на писмена.““

Бесплатното пријавување е до 1 април, а после се плаќа по 500 денари. Но, тоа што е интересно, е што наместо дигитално, за пријавување имејл е потребно да се користи ПП образец кој треба да се достави на шалтер.

„Попoлнување на обрасците се врши јасно и читливо на машина за пишување или на печатар, без примена на непознати кратенки, прецртување, бришење и додавање. Образецот може да се превземе од нашата веб страница и со можност за електронско пополнување. За пријавување на имејл адреса потребно е да се пополни првата и последна страница од образецот.“, велат од Централниот регистар.

@bvelkovska @olivermk a dali znaete deka formularot ako ne e iskucan na masina go vrakaat !!! toa se sluci kaj nas vo firma …less than a minute ago via web

На сајтот на Централен регистар нема никакво известување за барање за поднесување на Е-пошта ?!?!?!?less than a minute ago via TweetDeck

Каков #mkfail! Задолжителната пријава на email адресите за компаниите е возможна само со рачно пополнет образец и на шалтер. Мастиљари!less than a minute ago via HootSuite

15 коментари на “Казна од 1.000 евра ако компанијата не пријави имејл

  1. Е какви „невистини“?
    Мастиљарите решиле да прават база на податоци на емаил адреси. Ама мора да одиш со образец пополнет на машина за пишување и печат, тој што оди да носи заверено овластување и да дремеш на шалтер да поднесеш.

    А ако погледнеш по другите „вистини“ на безвезниот сајт на ЦРМ, ќе видиш дека мора да се се има Windows и MS Office (cca. 500-600 евра) за да можеш да поднесеш нешто „електронски“ (т.е. тоа што тие го подразбираат под тој збор).

    Неспособни, затуцани, моронски бирократски пацови.
    Хеби га, вака ли ќе правиме „еАдминистрација“

    1. Кој знае… Закон за дигитален потпис важи и без ова. Ако сакаш, купи си сертификат и поднесувај со него, па да видиме дали смее некој да ти го врати :)

    2. Не ги бранам воопшто ЦР, ама имаш на сајтот цела страна посветена на ова + пример + образец во ПДФ што можеш да го пополниш без проблем и со primoPDF дури.

      Инаку можеш и со кракувана верзија на М$ Офис дигитално да потпишеш документ :)

      А тоа што се неспособни.. излишно е да се коментира понатаму.

  2. Детална помош: http://www.konsaltingbs.com.mk

    ПРИЈАВА ЗА ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ВО ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА

    Во „Службен весник на РМ“ бр. 17/11, објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица. Според измените во Законот, сите трговски друштва имаат обврска да поднесат пријава за упис на адреса на електро…

  3. Баш вчера ја завршив оваа работа. Ок е што сакаат да идат " понапред технолошки" ама па начинот на кој сакаат да го изведат тоа шалтери и образци те убива во старт. Плус ова споменатово за да биде на машина напишано хух. При почетокот на пријавувањата еден колега отишол да заврши работа, а бидејки "младите и образовани" вработени знаат само за јаху и хотмеил, добри 20 минути им објаснувал дека постои можност да имаш и нешто различно од тоа. А иначе кога сме кај дискетиве искрено Ванчо не би ме чудело и .arj формат да начекам таму на некое Pc…

  4. А што е спорно што ги бараат документите исчукани на машина / компјутер? Подобро така отколку да внесеш адреса со бош ракопис и да не биде разбирлива потоа.

      1. Се продаваат на Даме Груев близу Туркиш ерлајнс. Плус обрасците се достапни во ПДФ со форми или како се викаак. За електронско пополнување.

      2. Е, сега, треба да се купи машина за пишување заради некои канцелариски пацови.
        BTW, имам една дома, ама немам лента… :)

        Друга е поентата тука.

  5. Ако веќе бараат е-маил и не мора да однесеш уплатница со ПП образецот, смешно е што не може да се достави во електронска форма. .. :/

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии