Kaspersky се надева дека судот во САД ќе ја спречи забраната за користење на нивниот софтвер

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Еден од најпопуларните развивачи на антивирус, Kaspersky Lab, неколку месеци не може да го продава својот антивирус на владините агенции на САД. Причината за ова е забраната на Одделот за домашна безбедност за користење на Kaspersky на владини компјутери.

Во надеж дека ќе ја променат одлуката, Kaspersky започна судски спор. Компанијата од Федералниот суд побара да ја поништи сегашната одлука, јави Reuters.

Во септември одделот им остави 30 дена на владините агенции да го пронајдат и пријават софтверот од Kaspersky. Потоа имаат уште 60 дена да го отстранат и да престанат со користење на истиот. Откако изминаа овие 90 дена, софтверот на компанијата не би смеел да се најде на компјутерите.

„Одделот за домашна безбедност го наруши угледот на Kaspersky Lab и ги спречи комерцијалните операции без никаков доказ за грешка на компанијта“, вели Јуџин Касперски.

Дополнително, компанијата се жали дека поголем дел од медиумите без никакви докази објавувале текстови со кои го нарушиле нивниот углед. Дури и одлуката на Одделот за национална безбедност во најголем дел се темели на овие написи.

Kaspersky и онака не заработува многу од агенциите во САД. Вкупната продажба на софтвер на владини агенции досега е проценета на околу 54.000 долари.

Сомнежите за врски со владини агенции на Kaspersky траат подолг период, а главната причина за ова е образованиото на Јуџин Касперски кој посетувал училиште на КГБ. Дополнителен проблем е тоа што според законот во Русија развивачите на софтвер мора да соработуваат со властите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии