Kaspersky Lab отвора канцеларии надвор од Русија

Можеби една од најпопуларните и најпознатите компании, Kaspersky за прв пат од основањето отвора канцеларија надовор од Русија. Компанијaта најави отворање на канцеларија во Швајцарија.

Развојот на дел од софтверот ќе биде префрлен во оваа канцеларија. Нејасно е дали со ова компанијата покажува дека навистина имало инфилтрирано хакери или само се обидуваат да се оддалечат од приказната за соработка со руските власти. Префлени ќе бидат деловите за чување на податоците и инфраструктурата за процесирање, јави Venturebeat. Подоцна ќе бидат префрлени и алатките со кој кодот се претвора во софтвер.

Потегот е изнуден главно поради чести поврзувања на Kaspersky со руските власти и разузнавачки служби. Проблемите започнаа откако одбранбените агенции во САД им забранија на владините органи да користат антивирус и софтвер од Kaspersky.

Компанијата постојано ја негира оваа врска, но не може да избега од минатото на еден на основачите (Јуџин Каперски).  Г. Касперски заврши на Институтот за криптографија, телекомуникации и компјутерски науки. Пред распаѓањето на Советскиот сојуз, името на универзитетот беше Технички факултет на КГБ високата школа.

Но проблемите на Kaspersky не завршуваат на ова. Во октомври 2017 излезе вест дека руски хакери се инфилтрирале во компанијата. Тие можеле да го злоупотребат начинот на кој функционира антивирус софтверот и без сомневање да собираат податоци ок компјутерите.

Дали ова ќе биде доволна за агенциите во САД повторно да го користат софтверот во иднина е тешко да се претпостави.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии