Kaspersky Lab негира дека ги означувал конкурентите како вирус

Kaspersky Lab се оградува од обвинувањата на двајца поранешни вработени кои во текст на Reuters тврдат дека компанијата ја злоупотребува својата доверба кај корисниците.

Според нивните тврдења, Kaspersky Lab прави софтверот на конкурентите Avast, AVG и Microsoft да биде препознаен како вирус, и често да биде избришан. Компанијата успешно ги манипулирала конкурентскиот софтвер да избрише или да исклучи некој од важните фајлови. Дел од нападите биле наредени од ко-основачот на компанијата Јуџин Касперски, а причина за ова е што тој смета дека дел од помалите компании го крадат неговиот софтвер.

Но, од Kaspersky Lab веднаш излегоа со демант, велејќи дека лажно позитивните фајлови се подеднакво голем проблем во Kaspersky како и кај останатиот антивирус софтвер, а во податоците нема ниту малку вистина. „Незадоволните поранешни вработени често кажуваат непријатни работи за поранешниот работодавач, но во овој случај тие се луди. Можеби во овој случај изворот успеал да го импресионира новинарите, но по мое мислење издавање на ваква екслузивна содржина без воопшто вистина е она што се подразбира под добро новинарство. Ме интересира што овие поранешни вработени ќе има кажат на медиумите следниот пат и кој ќе им поверува“, вели г. Касперски.

Периодот за кој станува збор е од 2009 до 2013 година, кога најголем дел од антивирус софтверот имаше проблем со погрешно препознавање на фајлови или на активности како малициозен софтвер. Иако во овој период и од Kaspersky велат дека некои од компаниите креирале лажно позитивни фајлови, сепак нема посочување за кои компании станува збор.

За обвинувањето на Kaspersky нема никаков доказ освен сведочењето на двајцата поранешни вработени во компанијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии