Kaspersky Lab ја таргетира југоисточна Европа преку нови канцеларии во Љубљана

Kaspersky Labs, eдна од најголемите безбедносни и анти-вирус компании, отвори регионално претставништво за југоисточна Европа во Љубљана. Од Словенија, компанијата ќе ги таргетира пазарите во Србија, Хрватска, Албанија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција и Кипар.

„Треба да бидете присутни на теренот на денешниот ИКТ пазар. Меѓу главните задачи на новото претставништво ќе биде зајакнување и промовирање на брендот во регионот, како и координација на активностите на нашите партнери од југоисточна Европа.“, вели директорот на новото претставништво, Драган Мартиновиќ.

Kaspersky Lab најмногу ќе се фокусира на бизнисите, односно да им обезбеди безбедносни решенија на корпоративен софтвер и на облак решенијата кои се користат и се се попопуларни. Но, во исто време ќе го прилагоди својот анти-вирус софтвер да може да се користи од индивидуалните корисници од различните земји.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии