Карантинска социјализација со алатката Quarantine Chat

Quarantine Chat e релативно нова алатка осмислена од двајца уметници кои посакале да им се олеснат маките во услови на карантин и социјално дистанцирање. Доколку се наоѓате во ситуација да сакате да разговарате со некого, Quarantine Chat ќе ви помогне да започнете разговор со непознати луѓе кои се наоѓаат во ситуација слична на вашата.

За да може да разговарате на телефон со некој друг потребно е да го посетите следниот сајт и да го оставите вашиот телфонски број. Телефонскиот број го оставате за да може да создадете акаунт, но нема да биде споделуван со никого. Потоа, потребно е да ја преземете апликацијата за iOS, или Android. Кога вртите на некого, се користи интернет за да бидат повиците бесплатни, а, како што напоменавме, во ниеден момент, не се открива вашиот телефонски број. Пред да започнете со разговор со некој непознат, поканата треба да биде одобрена.

Две работи сакаме да потенцираме. Прво, имајте во предвид дека во светот има секакви луѓе и едноставно не знаете на каква личност ќе наидете. Бидете спремни да чуете работи кои би можеле да ве вознемират. Второ, никогаш не кажувајте лични податоци за вас, независно од колку се чувствувате дека сте се зближиле со лицето. Не знаете на кој начин тоа би можело подоцна да се искористи против вас.

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии