Надополнето: Канал 5, Сител, Kурир.мк и NetPress се повлекоа од Time.mk поради комерцијални причини

<Надополнето>И Курир.мк и NetPress им се приклучија на Kанал 5 и Сител и решија да се повлечат од Time.mk, односно NetPress реши да не дозволува на ниту еден агрегатор да им ја споделува содржината.

„Причината е едноставна. Некој сака да заработува пари на туѓ труд, и при тоа без регулирање на авторските права.“, пишува NetPress.com.mk.

</надополнување>

Двете телевизии Канал 5 и Сител вчера се повлекоа од агрегаторот за вести и најпопуларниот .мк сајт, Time.mk. Причината, велат двете страни, медиумите и агрегаторот, се пари. Ставовите околу посетите се поделени.

„Тиме.мк користи содржина без дозвола и заработува од неа, додека медиумите не добиваат ништо.“, вели директорот на Канал 5, Иван Мирчевски. „Што се однесува до посетите, Канал5.com.mk сега е попосетен сајт.“

Основачот на Time.mk, Игор Трајковски, ни потврди дека имало средби со двата медиуми и дека тие барале да им се плати за содржината. Еве што вели тој во својот Twitter фид:

Двата медиуми, Канал 5 и Сител, и забавниот портал ИдиВиди, сè уште се присутни на останатите два .мк агрегатори, Daily.mk и Буквар.мк. За првиот, г. Мирчевски од Канал 5 вели дека ќе дојде на дневен ред. Toj вели дека и Daily.mk немале дозвола да агрегираат нивна содржина, додека со Буквар.мк постои договор.

До Сител испративме имејл за објаснување зошто се повлекоа од Time.mk, на кој сè уште ни немаат одговорено. Не би не изненадило и тие да потврдат дека се работи за комерцијални причини.

Според комуникологот Сеад Џигал, одлуката на Канал 5 и Сител може да им наштети и на нив, и на другите веб сервиси.

Сите три агрегатори ги собираат на ист начин содржините од медиумите – преку RSS фид кој е јавно достапен на соодветните сајтови (*потоа ги анализираат преку свој софтвер). Eве го RSS фидот на Сител, еве го нa Канал 5. Јавниот RSS фид може да се додаде од корисниците во алатки – читачи на RSS канали, пример како Google Reader или FeedDemon, кој пласира реклами. Агрегаторите го прават тој процес автоматски, корисникот не мора сам да додава медиуми во RSS листата, и ги организираат локалните медиуми според категории и теми. Исто така, сите три .мк агрегатори користат горна рамка која што во еден период беше проблем за медиумите, кои уште од појавувањето на агрегаторите изразија незадоволствo бидејќи некој им ја агрегира содржината.

Што се однесува до посетите, Time.mk е најпосетуван .мк сајт, според Аlexa-mk. Според Google Analytics бележи околу 650.000 посети неделно. Конкурентниот Daily.mk е 31-ви според Alexa, а Буквар.мк сега е на 157-то место.

Токму поради статистикава на Тиме.мк, малку е чудно што новинарката на Сител, Славица Арсова, во твит рече дека посетите на сајтот на Сител кои стигаат од Time.mk се незабележителни. Според Alexa-mk, Сител е 10-от најпопуларен .мк сајт, а Канал 5 е на 12-то место.

@sead93 time.mk generira pomalku od 1% od posetite na sitel.com.mk.. Mojot fb profil im nosi povekr 19 hours ago via Twitter for iPhone ·  Reply ·  Retweet ·  Favorite · powered by @socialditto

Дали Time.mk, Daily.mk и Bukvar.mk треба да им плаќаат на медиуми или не, останува на нив. И на медиумите.

Делот кој што не е баш јасен е околу посетите. Функцијата (и услугата) која ја нудат агрегаторите е да им олеснат на читателите да дојдат до вести од повеќе извори, организирани и групирани по тема и категорија, наместо да посетуваат разни сајтови и да копаат по вести. Затоа и се толку популарни. Но, бидејќи агрегаторите прикажуваат само наслов, слика и краток воведен текст, очигледно е дека заинтересираните читатели ќе ја дочитаат веста на сајтот на медиумот. Односно, тоа се повеќе посети на сајтот на медиумите. Налик на друштвените мрежи, каде се линкаат вести, но наместо од автоматизираниот RSS роботи на агрегаторите, на мрежите корисниците се тие кои споделуваат. Читателите кои сакаат да читаат вести од само еден медиуми, јасно дека ќе ја посетуваат нивната страна, без да користат агрегатори и други сајтови.

Услугата која ја нудат агрегаторите им дозволува и на помалите медиуми да излезат пред публика и да презентираат вести. Ова значи поголема конкуренција која треба да ги мотивира медиумите да пласираат поквалитетни вести за да привлечат публика. Барем така е во теорија. И на запад.

*Ни беше посочено дека иако агрегаторите ги користат RSS фидовите да ги откријат најновите линкови, тие потоа користат свој софтвер да ја анализираат содржината од тој сат. Затоа и на агрегаторите може да се најде повеќе содржина од таа на RSS фид.

105 коментари на “Надополнето: Канал 5, Сител, Kурир.мк и NetPress се повлекоа од Time.mk поради комерцијални причини

  1. Јасно е дека RSS feed-от е јавен сервис и дека time.mk како и сите останати имаат право да
    го користат. Јас би сакал да прашам дали имаат право да заработуваат од туѓ RSS feed?
    Како е тоа правно регулирано?

    Затоа што де факто ова мене ми изгледа дека time.mk заработува (и тоа претпоставувам
    доста добро) од авторски труд на некој друг. И додека тој друг треба да плати и
    новинари и уредници и цела огромна екипа time.mk постои само да го ожнее трудот.
    Или така ми се чини?

  2. Иницијатива да му се забрани на Time.mk да го прави она што го прави имаше од самиот почеток. Се собраа сите релевантни портали и весници кои имаат сопствени електронски изданија, се испраќаа официјални дописи до Тиме.мк. Но ништо не излезе од тоа затоа што немаше единство да се оди до крај, и затоа што Тиме.мк тогаш изјави дека кој сака може да се повлече. Па што се жали сега што му се повлекуваат некои извори… А во меѓувреме почнаа да се продаваат и реклами, и добро да се заработува.

    Секако Игор е паметен и многу постигнал, ама пари без труд нема. Ако е толку паметен, нека го патентира она што го создал, па нека заработува од тоа. А бидејќи ова што го „создал“ го ископира од Гугл, на почетокот дури и комплениот дизајни и стилови на прикажување на текстовите, може само на краток рок да го искористи.

    Нека ги тргне рекламите (како што нема реклами на news.google) па така нека агрегира, и секој медиум според квалитетот на содржините ќе си ги прибере читателите и ќе направи пари од своите содржини. А и нека се договори со медиумите, нека потоа тој им бара пари за секој посетител кој ќе им го донесе.

  3. Има вистина и во двете страни, но она што го правеше Time.mk а најверојанто и другите агрегатори е надвор од правилата на RSS споделувањето. Time прикажува содржини кои не се објавени во RSS фидовите. Си наоѓа слика која не е во RSS-от, си собира повеќе текст и тоа го прикажува. Погледнете ги систе кратки текстови после насловот. Не случајно се сите 200 карактери или некој помалку, заокружено на цел збор. Е сега дали е 200 или 2000 од гледна точка на неовластено преземање не прави многу разлика.
    Токму затоа секој портал објавува RSS, за едноставно споделување, како што кажува и самото име Really Simple Syndication на тоа што тој одлучил да биде споделено. Ако се појави друг агрегатор со 2000, тогаш никој нема да треба да клика на насловите и оди на порталот кој оригинално ја објавил иноформацијата.

    Како за читатели, лошо е она што се случува со лимитирањето на агрегаторите. Но дали некој тука што дискутират и ги обвинуваат Сител, Канал 5 и останатите кои се повлекле, има сопствен портал, на кој вложува труд и се обидува да заработи?

    1. Никој на Гугл и јаху не им испорачува фактура од 5000 евра месечно за линкување како што сакаат да направат мрсулите од Курсвир. Можеш да им „кажеш“ да не те индексираат, но не можеш да им забраниш. Тоа е суштината.

      Во твојов коментар насетувам и доза на завидливост и позеленување… Да?

      1. Sajt im e dvor im e nivni si e! fyi ne gi ni citam nikoj od tie sto otidoa od time… nivno pravo. Od celava situacija nauciv deka:
        1. Sopstvenikot objavi doverliv dokument vo pregovori! Slednite sto ke pregovaraat so nego ke razmislat dali sakaat da koristat negovi bilo kakvi uslugi. Kraj kraeva kako ne mu e stram da se pojavi pred studentite…
        2. Ne izdrza i gi otstrani mediumite so sto indirektno kazuva deka tie se vo pravo i pocna da placi po socijalnite mrezi! Ako bese vo pravo nemase sto da trga!
        3. Dozvoluva da go branat i prisvojuvaat licnosti koi nemaat nikakva vrska so time i ne svakja deka nisto na ovoj svet ne e za dzabe i deka tie istite eden den ke mu trijat sol nad glava.

  4. Што е ова? Администраторов да не мисли дека е Ким ил Сунг. Администрирање леле мајко. Па остави бре човеку луѓето да си кажат што имаат. Никој не те споменал тебе како автор или твојов сајт. Што цензурираш…вистината?

    1. Цензура? Бришеме само коментари кои се навредливи и кои можат да го одвлечат вниманието од дискусијата. Ако не ти се допаѓаат правилата, сакаш да се расправаш и навредуваш тогаш слободно оди на некој друг сајт. Тоа е избор, не цензура.

      1. Се брише селективно! Што стварно не е фер…
        Погоре "Јонче" спомнува провинцијалци и навредува!

        Или тоа не го сметате за навреда? o.0 =/

  5. Секој си одлучува своето каде ќе го пласира. Дали на time.mk, bukvar.mk итн – тоа е негова одлука, доколку ги задоволува сите правни и етички норми при креирањето на истото.
    Е сега, Трајковски, увиде дека не иде бизнисот онака како што си идеше, па си префрла топка и не става во заблудата на политичките игри. Или пак тоа го прават и курир и сител и канал5. МОРА да се завземе страна!? Па слободен пазар. Ако не сакаат преку time и сорос, нека идат сами или со друг агрегатор – нека се пробаат. А, во ниеден пазар нема чесна игра – има правно издржана и таа другата.

  6. Time.mk со нивната рамка не те пренасочува на страната на conent provider-от туку те остава на time.mk порталот. Значи црпи содржина од другите страни и ги прикажува на сопствената страна, на која притоа сервира реклами, и ти дава дополнителни линкови. Според мене time.mk претерува. На почеток ја немаше рамката и те пренасочуваше на странта на вести, ама од кога станаа популарни решија да го контролираата random surfer-от. Со нивнта рамка не те оставаат на странта на надворешните сајтови каде би можел да да следиш други линкови, туку си на некој начин врзан ѕа time.mk.

    Затоа сметам дека потегот на Сител и Канал 5 е разумен и со право си барат надоместок што некој им ја користи содржината. Дали ќе барат пари од другите „агрегатори“ е чин кој ќе ги разоткрие нивните вистински причини за повлекување.

  7. еве дел од страните од "изворот" на time.mk и нивните авторски права…”copywright” or whateva’h:

    netpress.com.mk – Вестите на интернет страницата на новинската агенција Нетпрес може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од новинската интернет агенција Нетпрес, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.

    sky.mk – Вестите на интернет страницата на новинската агенција Sky може да се користат исклучиво за лично информирање.
    Без писмена дозвола од новинската интернет агенција Sky, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.

    novamakedonija.com.mk – Сите права ги задржува Нова Македонија 2009

    alfa.mk – © ALFA TV. Сите права се задржани

    dnevnik.com.mk – © 2006-2011 Дневник,сите права задржани WAZ:Der Westen

    dw.de – http://www.dw.de/dw/0,,3303,00.html

    makfax.com.mk – © Copyright 2012 | Макфакс

    voanews.com – "Voice of America" and "voanews.com" are trademarks which may not be used for commercial purposes without express permission……..

    kapital.mk – Copyright © 2010 KAPITAL MEDIA GROUP. All rights reserved.

    Ова е само дел од “изворот” на тиме.мк, за “владини” и “не-владини” медиуми. Од ова може секој да заклучи дека користење на информациите од информативните сајтови без никаков договор или нивно знаење, не смее да се превзема.

    Ценовникот на тиме.мк http://www.time.mk/info/marketing ни малку не е ефтин, за украден труд и тоа дебело наплаќа.

    Јас мислам најпогодени ќе бидат Македонски портали бидејќи тиме.мк им зема убав дел од приливот на средства за рекламирање.

    1. Друже, никаде не се прекршени авторски права. Едноставно на човекот или сервисот му е овозможен пристап до тој RSS фид и тој ги зима информациите што ги содржи тој и ги објавува на својот сајт, нормално со НАВЕДЕН ИЗВОР. Никаде не пишува дека тоа е авторски текст на Time.mk или Игор Трајковски.

      1. Druze, znaes kako idese reklamata na city radio za time – time.mk prenesuva ova time.mk prenesuva ona. Vo time.mk ke procitate itn. So zborot prenesuva i ke procitate stava vo zabluda mnogu lugje deka TOJ, Igor Trajkovski so svojata redakcija istrazuval, analiziral trosel resursi za nas obicnite gragjani da ne udostoi so informacija. Se razbira tie ne se avtorski tekstovi ama mora da se razberat i ostanatite sajtovi koga nekoj drug na grbot na nivniot trud, finansii, resursi i makotrpna rabota go vodi i diktira marketingot na internet pazarot. Kako sto e agregat na vesti taka e agregat i na reklami. Jas odamna znam za besot na internet portalite i gi podrzuvam vo nivnata akcija

  8. Добро, гарантирам дека добар дел од вас (можеби и повеќето) немаат основно знаење за суштината на тематиката што се дискутира овде, така што, секој коментар е излишен.

    Инаку, право на секој сајт е да излезе од тајм, но на фер начин. Не верував дека ќе се чепне и интернетот, ама то је то. Посилни сме и од SOPA, PIPA и ACTA заедно.

  9. Значи кај нас медиумите се стварно имбецилни и очигледно не ги разбираат интренет сервисите, алатки или што и да е друго, очигледно најбитно е да направат „интересен“ стенд ап пред куќа на некое убиство…..

  10. Za site onie shto go spomenuvaat Google News i se krstat vo niv, pa time.mk ne gi pocituvaat ni nivnite pravila – onoj del od time.mk shto se vika Google News

    news.google.com – Terms Of service. "Use of the Service. You may only display the content of the Service for your own personal use (i.e., non-commercial use) and may not otherwise copy, reproduce, alter, modify, create derivative works, or publicly display any content. For example, you may not use the Service to sell a product or service; use the Service to increase traffic to your Web site for commercial reasons, such as advertising sales; Ter"

    Kolku sto jas znam, time.mk zarabotuva pari od advertising sales..

    Mozno e da sum greska i Igor da ima napraveno nekakov poseben dogovor so Google za ova, vo koj slucaj mu se izvinuvam odnapred. Ama sumnjam deka Google pravi dogovori so bilo koja licnost za vakvi raboti.

  11. Ги молам сите овде што „критикуваат“ за правење пари од туѓ труд да се запрашаат како Сител, Канал 5, Курир или некој друг во оваа земја ги пренесуваат домашните вести од агенцијата МИА или странските агенциски вести од Ројтерс, АФП или АП и дали тоа исто така не е „правење пари на туѓ труд“.
    Бедно е кога принципите важат само за некого и нешто.

    1. Сега да ти одговорам…Си плаќаат ! И на МИА и на APTN и на сите кои ги користат! Зарем мислиш дека е бесплатно???
      Ама Докторов по Соросидеологија, има друг есап…ама, ништо од бизнисот:)
      И уште нешто, од сигурни извори знам дека ќе се пооткажуваат сите нормални сајтови…и сите ќе бидат по наредба на Грујо? Со таков ум, опозицијата ќе си остане опозиција уште долго време

      1. Во право си за МИА. Медиумите се претплатени на новинските агенции.

        Но, не ми се допаѓа што ја префрлаш дискусијата на политички препукувања. Сител и Курир се наклонети кон ВМРО, Ску.мк и други кон СДСМ. Но сите медиуми ги има во агрегатор и се поврзани по тема. Во сите не само во Тиме.мк. Ги има и во Буквар.мк и Dailu.mk.

        Дискусијата е за агрегатори, медиуми, право на содржина… не за соросоиди и вмровци. Држи се до темата.

      2. Ко Ивона Талевска што плаќа кога преведува вести од српски весници и после си го става своето име како таа да е автор на текстот? Тоа кој колку плаќа е ептен очигледно, а на агрегаторите на вести станува и уште поочигледно. Кликаш 5 линка на некоја вест, 5 различни медиуми, сите идентични текстови. Плаќаат новинари? Како не бе, иди лажи си ги таму твоите антички другарчиња.

  12. I da se navratam, licno sum go videl Doktorot kako se vozi vo djipot na Milcin (Soros) a potoa posle nekoj den napisa na svojot facebook profil deka go napravil dilot na vekot. Epa dragi moi parickata ima sekogas dve strani, a mojata strana e deka se boram so prijatelite da preziveeme producirajki vesti, barajki intervjua, producirajki temi i analizi, a doticniot na nas grb raznesuva fakturcinja na svoeto tocace, posto ne saka da dade pari za preporacano pismo. I na kraj fala bogu sto zapocnaa site da se trgaat od kaj nego, pa koj e kvaliteten neka prosperira, a koj ne neka smeni profesija

  13. Смешно е што Курир.мк на почетокот вложуваа огромна реклама за да се испромовираат преку тајм.мк
    Потрошија илјадници евра на ударниот банер на страната на агрегаторот, два месеци се молеа и се приспособуваа за нивните вести (од Курир и од Македонија 24 која е во суштина истата фирма), гледаа што повеќе да ги променат насловите и поднасловите од вестите кои ги преземаа од МИА само затоа што од Тајм им беше кажано дека колку веста е поразлична толку поголем вредносен коефициент добива сајтот.
    Иронично е што после една година агрегаторот на Тајм е под вкрстен оган од сите владини медиуми, само поради форсирање на нов агрегатор…
    Тоа е почитувани Република Македонија…

  14. Ништо чудно. Како и секаде во нашава ни мила, напатена (по исклучиво своја вина), Македонија политиката се замеша и овде…

  15. ABE SITE SOPSTVENICI NA INTERNET PORTALI KOI VLOZUVAAT VO SOPSTVENI REDAKCII TREBA DA SE OTKAZAT OD PRIKAZUVANJE I INDEKSIRANJE KAJ AGREGATITE. MARKETING KOLACOT VO DRZAVATA SE ZNAE KOLKAV E A TOJ STO E OPREDELEN ZA INTERNET MEDIUMSKIOT PROSTOR 50% GO ZEMA TIME.MK SO COVEK FIRMA, SO SKRIPTA PRENESUVAJKI GI SODRZINITE NA DRUGITE (KRADEJKI GO AVTORSKOTO DELO) I TOJ VAS DOKTOR OD STO E GRAMZLIV I ALCEN SAM NA RAKA GI PUSTA FAKTURITE, NE MU SE DAVA PARI ZA PREPORACANO PISMO. I USTE NESTO NEKA NE ZBORITE DEKA ON BIL CIST DRUGOTO BILO POLITIKA – DOKTOROT ZEMA OGROMNI PARI OD SOROS ZA DA GI INDEKSIRA SO POVISOK KOEFICENT PLUSINFO, SKY I OSTANATI PULENI NA OPOZICIJATA. NEKA VI POKAZAT PLUSINFO GOOGLE ANALITICS 40% OD POSETITE MU SE OD TIME.MK, A ZA SKY DA NE PRAVIME MUABET (POSTO E PARTISKI VEB). I DOSTA VEKE OSTAVETE NE DA SE BORIME NA PAZAROT SO SODRZINA, A NE SO IMPROVIZACII

    1. Здраво Зоран,

      Слободно може да коментираш на It.com.mk, но би те советувале да коментираш со мали букви. Пишување со заглавен CAPSLOCK се смета за дерење и никој нема да те сфати сериозно. l2post

      1. iskreno i mi se dere, posto se pravi macenik od Igor time, a vo sustina e najalcniot covek vo drzavata, politicki nastroen kon edna strana edinstveno poradi parite koi mu se dadeni za manipuliranje so koeficientite na vaznost i relevantnost na sajtovite koi gi indeksira. Takov manipulator nema uste dolgo da se rodi. Ucenuvase na site strani, ne dozvoluvajki odredeni sajtovi da gi indeksira, poradi spored nego nivnata nerelevantnost i poradi toa sto ne bile vo top 100, a sky.mk uste ne ispilen, domejnite vo marnet ne bea dobieni toj go indeksirase i toa so visok koeficient sekogas na udarno mesto. I sega e okolu osumdesetto mesto a redovno go isfrla kako naj relevanten faktor. Nikoj ne moze da me ubedi deka e poinaku. Pozz i odlicni ste

      2. Нема фајде од дерење во дискусија нели?

        Тука се инволвирани и читателите, новите медиуми. Ова е прв ваков случај, преседан кој благодарение на ИТ технологијата ги променува начините на како да се водат медиуми.

        Што се однесува до твоите коментари твое право. Се согласувам дека Sky.mk е на СДСМ, премногу се очигледни, но истото важи и за Курир и Сител дека се наклонети кон ВМРО.

        Идејата со сите агрегатори (и друштвените мрежи) е што овозможуваат да се стават во еден кош сите медиуми за да можат читателите ќе го одберат тој што е објективен и што споделува информации кои им се важни, а не пропаганди расправии и други глупости. Ова значи и поголема конкуренција, и поквалитетни вести, нели?
        Што се случува од тука натаму, ќе биде интересно да се види. Како што реков прва ваква ситуација е во Македонија и сигурно ќе ја постави патеката за како ке се однесуваат медиумите понатаму.

    1. Да се потрудеше да прочиташ што уствари пишува во првиот линк ќе сватеше дека аргументот ти вреди колку една голема НУЛА. Таму убаво пишува, тужеле, победиле, ама уствари изгубиле од кога Гоогле престанал да ги прикажува во своите резултати итн. Другите линкови нема ни да се трудам да ги читам, важно испадна глуп. И што тебе те боли за парите koj ги заработил time.mk? Од твој џеб да не се истргнати? Ова е или завист или тешка вмровштина на дело!

  16. само на темата дека објавил книга докторот.
    издавачката куќа ги објавува сите магистерски и докторски дисертации доколку им ги приложите на англиски и проценат дека би имало некој интерес за истите.

    а инаку право на секоја новинска куќа е да манипулира со своите содржини како што таа мисли дека е исправно. дали се на прав пат или не, тоа ќе им каже рејтингот и финансискиот ефект од нивните акции.

  17. До оние кои го бранат Докторот Трајковски
    1. Каде бре има у свет, да користиш туѓо авторско дело, да го прикажеш како свое, и уште да заработуваш на него? Ни пред бога ни пред занконите на бизнисот, ова нема логика. Дечкото користи RSS фид кој е за индивидуална употреба, не за јавно објавување па уште и комерцијализирање. Чекај кога и на другиве медиуми ќе им текне па ќе се откажат
    2. Докторот вика ИДИВИД имале притисок..алоооо, кој ум си бре ти. ИДИВИДИ си имаат портал и заработуваат од него, а ти им го е***ш бизнисот, по ист принцип како во точка еден
    3. Докторе, чекај само кога и Хрватите и Србите и Словенците ќе те подберат за оваа твоја „елеганција“
    4. Нели му текнало на Докторот, што ќе прави ако медиумиве му стегнат тужба за ретроактивно користење на нивниот авторски материјал?
    Ја сум за слобода на медиуми, без лимит, но и на заштита на авторски права…ова што го прави Докторот, кој инаку работи од дома, се вика малку поинаку, и за истово се одговара кривично

    1. доста бе, доста до вчера не знаеше што е агрегатор сега ќе кажуваш медиумска слобода, под прво има наведено од кој извор е веста…. и плус оди дома легни си пошо заради вакви луѓе ко тебе неможиме да истражуваме и да креираме проекти заради "правата", ако толку беше праведна државава ќе одевме напред а не да назадуваме и да се тужиме заради пари!

  18. Одлична вест :))), следно очекувам да згаснат и како медиуми. Ги избришав од тв фреквенција многу одамна, единствено ги среќавав на тајм мк. Конечно тајм мк да се исчисти од ѓубрињата

    1. ако играат така, тогаш секој гостин во емисија, секој кадар надвор од студио каде фаќаат случајни минувачи треба да се плаќа поради тоа што реално они прават емисии заслужно на луѓе кои не дале дозвола да бидат снимани и употребени во репортажа или да ги цитирам – ние ја вршиме нивната работа. Бог да чува од "луѓе" со IQ како идиотов на кој му реплицирам

  19. Za Zoran Kirkovski so lazen FB profil i ostanatite trolovi!
    Edno e da se diskutira za resenie, biznis i slicno, ama da se davaat kvalifikacii na licnost e sosema drugo. Zatoa i se zamesuvam. Site vie sto tresete zeleni za dr. Trajkovski samo ce ve izvestam deka nasava drzava bi procvetala koga bi imala povece luge kako nego.
    – Stana fakultetski profesor vo rekordno vreme
    – Rabotese nekolku godini vo Google
    – A sega izdade i kniga na tema cii sto naslov sum siguren deka ne mozes ni da go razberes: http://www.amazon.com/dp/3847314750/ref=tsm_1_fb_
    Taka sto… luzeri se takvite ko tebe, a ne coek koj so 33 godini napravil i ostavil tolku pozadi sebe!

  20. И кога не си способен да го водиш бизнисот,утеши се дека некои виши сили(дпмне,тајни служби,циа) ти прават зло,каков лузер чоече…

  21. Овој пациентов што ја користи ситуацијава и коментарите за да си го испромовира својот агрегатор ти е типично македонче.

    1. А ти Стојанче си многу нетипично македонче :D .. Да, се промовирам. Се претставувам со име и презиме, темата директно се однесува на тоа што го правам и сакам да се развие дискусија за тоа.
      http://www.novini.mk ми е проект за магистратура и сакам добро да знам што е легално а што не, што е етички а што не, правам истражување во секој случај.
      Си ги бранам своите ставови и тука нема ништо лошо. Дај боже направи и ти нешто, затоа што ти Стојанче си нетипично македонче нели :)), би се вклучил во дискусија и би те поддржал ако ми се допаѓа или не во спротивно.

  22. Мислам дека комерцијални во насловот треба да се постави во наводници. Факт е дека не е поради тоа.
    Во бизнисов сум 10 години и знам дека сопственици на сајтови буквално плачат ако тајм.мк не ги агрегира нивните вести бидејќи посетите на нивните сајтови драстично опаѓаат без тајм. Повеќе посети значи и подобра "комерцијалност".
    Во случајов Канал5 и Сител не донеле своја одлука, туку ДПМНЕ ја донеле за нив. Едноставно сакаат од буквар.мк да направат релевантен извор за вести, а тимот кој стои зад буквар.мк се нивни луѓе.
    За крај порака до читателите: во корисничкото упатство за умот стои дека истиот НЕ ТРЕБА да се пере. Така да не дозволувајте го тоа.

  23. А замислете Larry Page и Sergey Brin да беа родени во Македонија ? – Најмногу што можеа да догураат е да куцаат Outsource софтвер….

    Што ако еден ден news.google.com реши да има верзија и за македонскиот пазар. ?

    Да да знам што ќе се случи, ќе се подмочаат сите од радост дека софтверот google ги агрегира и нашите домашни вести. Ни на крај памет нема да му текне на некого да прави вакви рестрикции, но ако нешто е македонско одма ај да смислиме некаква сопка… тоа е, да сме живи и здрави.

    Животов за некого мајка, за некого Македонија јбг.

    1. Nemoj ni od daleku da mislish deka si ili nekoj od kaj nas deka blisku do mokjta i znaenjeto na tie svetski brendovi. Ako e vo pravo ovoj od time so tuku placi naokolu. Neka ne gi vadi od izvori i tolku! Se pravi gazda koga ke odlucuva koj da go stavi vo izvori… sto ne prasal dali saka publikata nekogash da se dodade nekoj izvor. Toj placi za negoviot ubav dohod od reklami na tugja maka… a da i google news ne stavaat ramki, a tie sto imaat adsense si zemaat od niv pari ;)

      1. Искрено мислам дека и кај нас има многу интелигентни луѓе што не им се дава шанса да успеат затоашто кај нас важат некои други општествени вредности. Не мислам дека јас сум најпаметен но сакам да направам нешто што го прави гугл или голема иновативна компанија каде што работат најдобрите инжинери, научници, програмери. Освен живеат во економски јако општество и ако имаат добра идеа се поддржани со многу средства… Дали да се обидеме и ние да правиме нешто креативно ? Why not ?
        Треба полека да се смени менталитетот и да мислиме дека нешто може да се измисли само во Америки, Германии, Јапонии…

        Треба да плукаме по time.mk затоа што направил нешто што неможе секој да направи ?

        Грешиш кога збориш дека google не ставаат реклами. 99% од приходите им се од реклами, adsense не го плаќа гугл туку клиентот што се рекламира и поголем дел од парите одат во гугл.

        И канал 5 и сител и тајм ќе си продолжат да си работат.. дебатава е дали е етички да не важат истите правила за сите.

        Поздрав пријателе.

      2. Znaci ramki a ne reklami. Google news ne redi ramki, a za reklami znaeme deka redat. Gledam deka si avtor na nov agregator i toa e za pozdravuvanje i podrzuvanje, no bi te zamolil da ne gi pravish istite greski kako time, daily. Tvoite pravila neka vazat ednakvo kon site elektronski mediumi i trgni gi ako gi imash ramkite! Goleminata vo USA, Evropa ne e vo toa deka se popametni od nas, tuku e deka se poprofesionalni. Zborot e zbor i pravilata vazat ednakvo za site i ne se selektivni. Pak ke ti kazam ne e nisto od ova slucajno, a ako nekoj misli deka e vo pravo treba da istrae do kraj. Mozebi eden den i ti ke imash slicna situacija, no od tebe zavisi dali ke si ostanish na tvoeto zacrtanoto i legalnoto ili ke iskrivish kicma. Ako iskrivish pred eden ke te kicmat site. Izgleda na doticniot ova ne mu e prv pat da smeni stavovi.

        Pozdrav i ti posakuvam golem uspeh i trezveno upravuvanje so tvojata aplikacija!

      3. Ти благодарам пријателе.

        Не се проблем рамките затоа што кога некоја вест е отворена во рамка немам тука реклами и не е океј на авторска содржина што некој ја напишал да ставам реклами и да ги наплаќам. Доколку проблем е рамката не е проблем за сите медиуми што не сакаат да им се отвораат нивните медиуми во рамка или нека стават еден ред код (на тој начин сите би биле оневозможени да ги отвораат во рамка) или нека ми пишат не е проблем би ги тргнал од линковите во рамките(дури и може сите еден по еден да ги прашам дали би сакале да им се отвора сајтот во рамка или не, не е проблем).
        Но на тој начин самите би изгубиле посети затоашто нивниот линк не би се појавувал таму.

        Сепак мислам дека во ситуацијава не се проблем рамките…. ќе видиме времето ќе покаже :)

        Во секој случај ти благодарам за искрените совети, па може е и подобро да не ставам воопшто рамки… http://www.novini.mk и онака не би имала некоја поголема корист од тоа од аспект на посети. Како и да е медиумите би изгубиле посетеност.

      4. znaci teraj si ti proektceto, postavi si pravila, pocituvaj gi najmnogu ti i ic da ne ti cue za drugite :) pokrien g'z nikoj ne go pluka veruvaj. Fakt e deka ne e do ramkite! sto mislish do sto e? Kolku od novive mediumi gi sretna prvo tamu, a ne si znael deka postojat? Dali koga bile na time imale page rank 1-100 na aleksa ili toa vazi samo za nekoi, a za nekoi ne?

      5. Па тоа и ми е намерата без разлика дали би се исплатело или не. Едноставно ми е предизвик тоа да го направам и тоа е тоа. :))

        Инаку кој и да сака може да ми пише би го додал во листата на извори (нели освен ако не е некој сајт со порнографска, навредлива, непристојна итн инт содржина)
        Сега за сега е во бета верзија па ќе видиме дали ќе биде сервис што ќе им се допадне на луѓево или ќе заврши во некоја фиока да фаќа прашина :)

      6. Господине Невен ПејкоФ

        Дали сакате да кажете дека кај нас нема квалитетни луѓе кои можат да направат нешто паменто! Сакате да кажете дека американците се попаметни од македонците?

        Дали знаете зошто успеале американците?
        Не е доволно само знаење, треба ИНВЕСТИЦИЈА!
        А ние сме многу поспособни да направиме нешто, само нема кој да инвестира тоа да заживее!
        Да не беа инвестициите Facebook ќе беше обична апликација со 800 корисници, а не со 800 МИЛИОНИ корисници! ;)

        И зошто им се ставени RSS ако не дозволуваат некој да ги користи?
        Поздрав

      7. batka ima razlika od napreden rss reader ( bilo web app ili desktop ) i od objavuvanje na toj feed na tvoj proekt. procitaj malku ke ti stane jasno se. Vo vrska so uspehot tocno deka treba investicija, no treba da se bide i odgovoren i profesionalen i da se ima ist kriterium za site. Pozdrav ;) btw. Невен Пејков е :)

      8. Еј, ама напна.
        – Не сакаш да ти се прикажува рамката? еден ред код е, го ставаш и решен проблем. Значи, рамката е најмал проблем.
        – Не сакаш да ти ги статиите од RSS фидот? Оневозможи го бре, и тоа е решено. Ако не важи за еден, треба да не важи и за останатите.

        Во целиов случај, Time.mk е жртва… зошто? За да се фаворизира агрегаторот штом им одговара на тие „од горе“ и што играат под нивна палка.

        Погоре спомна за секој посетитал сам да си додава фидови и слично. Сметај го Time.mk како еден корисник што ги има додадено сите овие извори и си ги чита. Дека на букварот може ти да си го уредуваш, нели… :)

        Искрено, треба да си глуп за да не сакаш да те агрегира Time.mk, а втората причина е тоа што го спомнав погоре. Трето нема.

      9. Znaci RSS fidovite se za pristap na vestite do korisnicite koi ke napravat subscribe na niv ( valjda znaesh sto e subscribe ) i korisnikot nema pravo da gi reobjavuva! Ne gi branam ni dejli ni tajm ( bukvar kako sto gledam pocnale so dogovori sklucuvanje… ) tuku kazuvam deka ako stanat napredni news agregatori kade korisnikot ke si kaze koi vesti gi saka nikoj nisto ne im moze bidejkji korisnikot bara i se e legalno.
        Uste nesto ako misli deka e vo pravo zosto gi trga portalite od time.mk? Fakt e deka ima portali koi zamolile ( se nadevam deka nema nekoi koi platile! ), no vo pravo se i mediumite koi voopsto ne pobarale da bidat tamu da bidat otstraneti. Cisto za proba probaj da reklamirash produkt od brend na TV ili Web bez toj da ti dozvoli.

      10. Не, ај просветли ме. :)

        Никаде не е забрането тоа со закон и Time.mk не прекршува ниту еден закон. Е сега, постои решение со кое Шител и Анал5 би можеле да бараат да бидат отстранети, барем мислам дека може да е… Но, не го објавувам, нека им текне на нив самите. До тогаш нема што да мрчаат.

      11. ako e profata vo pravo neka ne gi trga i tolku! Toj em gi trga em placi posle toa! Licno jas ke go podrzam samo ako ne gi trgni, a toj vekje pocna so "slusanje" sto znaci deka prethodno slusal i nekoi drugi so sto si zgazil na svoite principi … loso e koga ke si dades g'zeto pod kirija i koga ke pocnesh da promovirash no name mediumi na smetka na vekje "jakite"… Sepak vidi od top 100 na aleksa kolku ne se na time a zasluzuvaat da bidat i cisto proveri kolku ne bile vo top 100, a time gi stavil tamu. ( spored moe mislenje toa se kurir, , plusinfo, … ) Toa ti se vika cista manipulacija pred se so citatelite, a posle i so vekje formiranite mediumi ( a mediumite ne pasat treva batka… si imaat pravni sluzbi i biznis planovi ).

  24. Значи нашиве тајм, дејли и буквар неможат да се споредат со напреден рсс агрегатор од една проста причина: рсс агрегаторот е персонален за користење независно дали е веб или десктоп апликација. Тоа значи дека за нашиве агрегатори ако сакаат да се прават напредни веб апликации и да не ми кукаат наоколу како дотичниот ми екс гугл и сегашен маченик, жртва, невин ко ороспија,… ( како што се претставува ) се што треба да направат е своите агрегатори да ги претстават како персонализирани онлајн веб апликации каде корисниците ќе може да си додаваат медиуми по своја желба од 0 и на тие резултати да додадат можноста од групирање на вестите. Ова како што е сега и како што ги објавуваат вестите јавно им нема смисла и дефинитивно не е исто како гугл, бинг или кој и да е друг светски бренд. А да и најважно од е е што имаат најразлични аршини во додавање на изворите што значи дека и манипулираат со корисниците ! Ај сега фак офф :)))

  25. Дали кога некој објавува линк на facebook или twitter од споменативе медиуми се кршат авторските права ?
    Тоа е тоа што го прават агрегаторите на вести но автоматски преку комјутерски софтвер.

    1. нормално ќе се кршат ако заработуваш на нив…ај ти утре прави весник, плаќај новинари , даноци и се…а ја ќе ги препечатувам твојот весник, ќе ги потпишам сите твои автори, ама ќе си ставам реклами…е тоа фер ли е, кажи ми? нема ли да се буниш? и уште ако имам повеќе реклами од тебе, а не сум мрднал со прст, не сум вработил ниту еден новинар Тоа го прави Докторот…стварно е Доктор

  26. Не разбирам, како можат да се повлечат и зошто ако Time.mk не се согласиле на такво нешто. Дефиницијата за тоа што е RSS е многу јасна и ако сакаат да се повлечат би требало да го исклучат нивниот RSS канал зошто тоа е јавен сервис и може да се користи од било кого. :/

    Од друга страна па ги разбирам. Некој од обична скрипта која собира информации од други портали собира и доста посетители, а со тоа и добри пари од маркетинг, па тука ги разбирам.. Се надевам дека потегот на Сител и Канал 5 нема да го следат и некои други извори на информации. :)

      1. Наполно се согласувам дека не е "обична" скрипта, си бара соодветно знаење и искуство за да се направи такво нешто. За некој што му така лесно да направи такво нешто.. ех му се восхитувам на талентот и интелигенцијата.
        Беа 2, сега со novini.mk ќе бидат 3 :) (доколку не се донесе некој закон за укинување на ваквите сервиси).

        btw Мислам дека позади Daily.mk и Bukvar.mk стои истиот тим, кога ќе се појави некоја грешка се појавува Itea Solutions башка и сликите им се хостираат на исти сервери…

        Поздрав.

      2. Освен тоа гледам дека во буквар има доста "ручни рад" :) што секако е нивно легитимно право. Не е целосно автономен колку што може јас да забележам, што нели остава простор за фаворизација на одредени вести според потреба… малце контрола на демократија :))

      3. Незнам колку агрегатори и нека не те навредува тоа обична зошто тогаш мислам за начинот на кој работи сајтот. Се е скрипта! Незнам каква врска имаат пребарувачите со твојот таканаречен агрегатор. Можеби сакаше да кажеш "Види го Гугл никаков, едноставен, а врши работа и сите го сакаат"
        Да ама Гугл е многу-многу голем и не е само пребарувач. Има премногу сервиси и услуги што ги нуди почнувајќи од пребарувач до социјалната мрежа…..

      4. Гледам twiitter користиш, twitter скрипта е? Сложена страна е? Нешто невидено?
        Не е. И twitter е добра идеја/добар сервис во добар момент и time.mk е. Нас ни треба сервис како time.mk, затоа постои.

      5. Докторе, колки вработени имаш, плаќаш ли данок на државата, а?
        Некој ми кажа дека оисот ти е дома…и ти бре уште се буниш???

  27. Моментално јас работам на развој на агрегатор на вести http://www.novini.mk . Според некоја логика на фер плеј треба да важат истите правила на игра за сите. Не е етички да се дискриминира некој од овие сајтови поради било какви причини. Дали овие медиуми би се тргнале од google и би побарале google да не ги индексира и да не ги прикажува во резултатите на пребарувањето ?

  28. Обично не реагирам на вакви работи доколку се работи за профит, но проблемот тука е поголем.
    Да бидиме на чисто, замешана е повисок инстанца во целата приказна. Сител и Канал 5 се само пиони во целата игра. Целта е да се направи time.mk да биде „нерелевантен“ (бидејќи најверојатно Владејачката партија не можела да го купи), за да го направи bukvar.mk (зад кој стои тимот од курир.мк, кој ги работи најголемите кампањи на социјалните медиуми и интернет маркетинг на ДПМНЕ) „порелевантен“ па дури тогаш „релевантниот“ агрегатор да креира мислења :) (како курир на пример).

    Незнам која би била наредна цел на ДПМНЕ, да го укине Гугул, Фејсбук… ? Но да останам на темата, навлезени сме длабоко во цензура, перење на мозоци и креирање на мислења (туѓи, а не сопствени). Мене лично нема да ми недостигаат ни Сител ни Канал 5, но се движиме во лош правец.

    BTW daily.mk is next…

    1. Има смисла муабетот. Мислам дека во оваа ситуација мора да се даде поголем отпор.

      Канал 5 и Сител нека си одат, но за сите други закачки на темава, задолжителна консултација со правни лица! Крш ни е државава, ама не дозволувајте толку лесно секоја будала, да ви го обезвреднува трудот.

      Еве и прашање: дали сега Time.mk може да ги тужи Канал 5 и Сител за дискриминација и наметнување на услови на работа или нешто слично?

      А, инаку, секој што мисли дека Time.mk прави пари на туѓ труд, без да возврати со придобивки за медиумите, покажува елементарно непознавање на темата.

      1. Дечко, прочитај малку некои работи околу авторско право…заедно со сопственоста, се најсилните права во светот! Ако Сител реши да го плесне Докторот ретроактивно, веруј ми…пердуви ќе му летаат…можат да бараат и ќе добијат, загубата која Тиме.мк им ја нанале, односно онаа иста која Тиме.мк ја заработил. Па Докторот ќе мора да достави фактури, па да се види дали платил ДДВ, па по колку ги продавал банерите, дали цената е реална…ќе го кошта језиво!
        Некој си плаќа новинари за да му работат, а друг од тоа заработува…е тука си у право, државата со вакви Доктори да се позанимава!

  29. Благодарение на TIME.MK сум влегувал на нивните страни, сега сум среќен што нема повеке да ги видам :)))
    Во овој случај губат самите тие, а нема ТIME :)))

  30. Затоа Македонија не е за вакви работи……па фала богу дека ќе бараат пари. сите само пари бараат ништо друго, не сваќаат дека уствари бесплатно се рекламираат со агрегаторите и конкурираат со другите страни….затоа македонскиот пазар е brainf***

  31. Прцул држава со број на агрегатни сајтови колку што има и новински куќи. Толку бе не знаете да си симнете ФидДимон?

  32. Да бараат пари од time.mk за тоа што им го користи RSS-то е исто ко од гледачите да бараат пари оти им ги гледаат најавите на вестите.

    И ако рече некој дека time.mk е агрегатор, нека се замисле што е тој кога следниот ден на работа прераскажува вести.

      1. Коа реков други, мислев новинарите, телевизиие, весниците, а не на вработени – вработени. Така изглеа од страна, не е битно како е у стварност

      2. Google isto "indeksira sodrzina" i pokraj kratkiot prikaz stava reklami ?
        znaci deka celiot svet raboti za Google, dodeka toj nevideno zarabotuva ?

    1. ako im e do ramkata treba da stavat samo edna linija kod

      <script> if (top.location != location) { top.location.href = document.location.href; } </script>

      ete im ja.

      kako sto imaat femina, kajgana, netpress i drugi.

      no da bese ramkata…

      1. offtopic:
        1. решението со рамката
        2. отворањето во нови прозорци
        3. задолжителниот јаваскрипт

        се стварно слаби точки на тиме.мк, дај сменете малце. видете негде „у свет“ како го имаат тоа решено, смислете нешто.

        (патем речено, тиме.мк ми стана единствената информативна страна што ја отворам.)

        инаку, ми се чини дека вистинската причина за напуштањето на тиме.мк на овие „јаки медиумски куќи“, нема врска ни со технички, ни со комерцијални проблеми. со политички попрво. ама ај да видиме.

  33. Јас од овој момент ќе прекинам на Twitter и на Facebook да оставам линкови од Сител, Канал 5 и ИдиВиди. Не сакам утре да ми бараат пари што сум им правел реклама!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии