Канабис стартапот Leaf e најдобар хардвер на Golden Kitty Awards

Прогласувањето на Letz за Бот на годината на Product Hunt придонесе да подзаборавиме на останатите категории. Сепак, и во преостанатите категории имаше супер интересни платформи, производи и апликации. Се чини ниту еден не е поинтересен од Plug N’ Plant „инкубаторот“ за канабис Leaf.

Leaf е најверојатно е еден од најчудните и истовремено најинтересните производи кои сме ги виделе во поново време. Со оглед на тоа дека станува автоматизиран „инкубатор“ за раст на медицински канабис секако не е без контраверза.

Производот е наменет за лица кои имаат потреба поради здравствени проблеми да конзумираат канабис. Иако најверојатно ова нема да ги спречи и оние кои рекреативно користат канабис да бидат заинтересирани за Leaf.

Станува збор за паметна кутија со големина на фрижидер во која се сместени најразлични хранливи состојки потребни за раст и развој на растението.  Сѐ од светлото до водата се контролира и управува преку паметен телефон. Корисникот единствено треба да се активира за поткастрување и да направи промени за сушење. Стартапот зад Leaf го прилагоди уредот за медицински канабис. Со овој уред цената на медицинкиот канабис за 3-4 месеци се намалува од 1.200 – 1.500 на 150 – 200 американски долари.

Секако уредот е наменет единствено за пазари на кои е дозволена употреба и одгледување на канабис.

Leaf е добитник на главната награда во категоријата хардвер, каде го победи Microsoft Surface Studio.

Eве дел од останатите победници:

  • Технолошки продукт на годината: Gboard – Google
  • Најсекси производ: Tesla Model S P 100D – Tesla Motors
  • Откритие на годината: Tesla Solar Roof – Tesla
  • Мобилна апликација: Tiny Card  – Duolingo
  • Десктоп апликација: Franz

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии