Очекувавме и добри и лоши рецензии за новиот BlackBerry Z10. Несомнено беше дека ќе го споредат со сите можни Android и iPhone-и, па во нешто ќе е подобар, во нешто полош. Но, Z10 добива неверојатно лоша репутација пред се поради камерата која вади лоши слики при слабо осветлување.
Gizmodo пишува дека камерата на Z10 е „една од полошите кои сме ги виделе во последно време“ и дека е „мизерен неуспех“. Камерата е споредена со камерите на iPhone 5, Galaxy S3 и Nokia Lumia 920, но и без споредбата се гледа дека Z10 всушност не може да извади фотографија воопшто и покрај тоа што телефонот има опција за „ноќно“ сликање.
Но, според тестовите на CrackBerry камерата можеби и не е толку лоша. Овој ИТ блог има целосна рецензија на Z10 која може да ја причитате тука. Интересна рецензија има и Financial Times кои велат „BlackBerry најверојатно ќе бродаде куп телефони на лојалните корисници, кои не се оделија од брендот целосно. Но не веруваме дека Z10 И Q10 ќе привлечат нови корисници“.
1 коментар на “Камерата на BlackBerry Z10 е една од полошите при слабо светло”