Какви подобрувања можеме да очекуваме од Epic Games Store?

Ако нешто ја раздрма гејмерската индустрија годинава, тоа е Fortnite и продавницата на студиото кое стои зад играта.

Она што го напишавме за можниот пад на Steam, како и монументалното издигнување на Epic Games Store се чини дека сѐ уште држи вода. Но, Epic Games Store само што започнува и ветува бројни и освежителни новитети кои, во наредната година, ќе и дадат на продавницата значително поголема функционалност.

Во следните неколку месеци, Epic планира да ве израдува со целосен редизајн на продавницата, како и можност за пребарување по жанрови. Паралелно со ова, ќе добиеме надградена поддршка за додатоци за игри (DLC), како и зачувување напредок на облак. Веднаш по ова, односно за 4 до 6 месеци, Epic планира да им дозволи на корисниците да оставаат нивни рецензии, да прават листа од најпосакувани игри (wishlist), како и имаат увид во цените во нивната локална валута. При крајот од шест месечниот период, се очекува и увид за тоа кој колку време играл некоја игра, како и можност за отворање прелистувач додека сте во игра.

По шестмесечниот период, би требало да добиеме достигнувања, автоматско враќање пари доколку се премислиме за некоја игра, како и можност за подарување игра на некој пријател.

Сите овие планови беа откриени преку јавниот профил на Epic, на Trello. Компанијата објаснува дека датумите се подложни на промена и дека е можно нешто да биде остварено побрзо, или подоцна.

Во меѓувреме, доколку ја посетите продавницата, ќе можете бесплатно да си ја зграпчите феноменалната Slime Rancher. За неполна недела, бесплатна ќе биде Oxenfree – трогателна авантура која не смеете да ја пропуштите!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии