Дали мислите дека е може и самите да си креирате лого? Ова секако е можно и иако некогаш може да е добра идеја, почесто е поумно да побарате професионална помош.
На пример, дали знаете дека секоја боја традиционално се поврзува со некое чувство. Пример, црвената со страст, сината со доверба, зелената со безбедност.
Ако сепак не можете да си дозволите професионален дизајнер, а и немата многу време, Next Web имаат брзо објаснување кое ќе ви помогне набрзина да се запознаете со основите.
Еве брз преглед на тоа што претставува која боја:
- црвена – стрaст, важност, опасност. Најверојатно дел од овие асоцијации ви се веќе познати. Црвената во зависност од нијансите може да користи во различна пригода. Црвената лесно го привлекува вниманието, па може да се користи за акцент или да се истакне важност на нешто. Пример, голем дел од предупредувањата се црвени.
- портокалова – можеби поради портокалите, оваа боја често се поврзува со здравје. Бојата е весела и можеби помалку несериозна, па е соодветна за страница за деца, но не и за компаниски страници.
- жолта – интересно, жолтата истовремено може да асоцира на среќа и на загриженост. Бојата може да се користи за предупредување, иако значително пониско ниво од црвената.
- зелена – успех, природа, раст. Најверојатно поради природата и растенијата зелената асоцира на раст и здравје.
- сина – дали сте забележале дека и Facebook, Linked и Тwitter користат сина боја? Бојата се поврзува со доверба, стабилност и мир.
- виолетова – виолетовата боја најчесто се користи за луксузни производи.
Многу повеќе за боите може да прочитате на Smashing Magazine или на UX Planet.
Сепак изборот на главна боја е нешто поедноставен од изборот на палета. За изборот на палета може да користите некоја алатка како Colorhunt.co. Сепак, ако сакате да се запознаете со основите, не се премногу сложени.

Image courtesy of Sakurambo at English Wikipedia – Transferred from en.wikipedia to Commons. Transfer was stated to be made by User:nopira., CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=3186545
Ова „тркало“ може да го користите на следниот начин. Одбирате една боја, пример од левата страна и потоа одбирате една боја од од спротивната страна, во овој случај, од десната страна, ова е аналогна палета. Боите поставени спротивно една од друга се комплементарни, и може да се користат за акцентирање.
Сплит комплементарна палета – се одбира глвната боја и двете бои лево и десно од нејзината компленентарна боја.
Тријадична палета – се одбираат 3 бои и сите на еднакво растојание една од друга.
Палета правоаголник – се одбираат две комплементарни бои, но наместо овие бои ги бирате преостанатите од аналогните палети.
Палета квадрат – се одбираат 4 бои. Боите од следната и претходната боја во палетата се на еднакво растојание.
Ако ова сепак е премногу за вас може да пронајдете некоја онлајн алатка, пример Paletton која наместо вас прави сѐ од ова.
Секако дури и да го запомнивте ова, не значи дека сте инстант дизајнер. Потребни ви се години искуство и работа, и секој дополнителен ресурс кој може да го пронајдете.