Каква напредна технологија користи американската армија?

Американската армија се поставува како една од најсупериорните сили во целиот свет. За да го задржат нивното место толку блиску до врвот, армијата користи најразлични напредни технологии. Како дел од програмата Maneuver Support, Sustainment, Protection, Integration Experiment (поддршка преку маневри, одржување, заштита, експериментална интеграција), некои од овие технологии се сеуште во фаза на тестирање, а некои активно се користат зад непријателските линии. Во продолжеток разгледуваме три генијални начини за користење напредна технологија за војни цели.

3D принтери за градење куќи

Американската армија тренира војници да користат 3D принтери за да градат издржливи куќи. Таквата технологија се вика ACES: Automated Construction of Expeditionary Structures или автоматизирана изградба на структури за експедиции. Прототипот е исклучително голем, но целосно способен да направи барака за 20 војници за 21.5 часа. Моментната верзија треба да се прилагоди за да издржува неповолни временски услови, а и да биде доволно флексибилна за транспортација. Дополнително, се работи на тоа да армијата може да ја користи калта од територијата за распоредување и да формира цигли од самата земја под која се наоѓа. На тој начин, се елиминира потребата од транспортирање џакови и џакови цемент.

Дронови за контаминирани места

C-SIRP е технологија која се имплементира во два вида дронови и се состои во сензори кои препознаваат хемички контаминации и други наднормални услови кои се исклучително штетни по здравјето на војниците. Сензорите се поставуваат на долната страна од дроновите. Моментно, армијата има на располагање два дронови. Едниот се вика Deep Purple, осмислен и направен од владата, а другиот се вика InstantEye, направен од Physical Sciences Inc. Според Фиона Нарајан, едно од лицата кои работеле на Deep Purple, целта била да се осмисли пренослива технологија која ќе може да истражи сомнителни места и да им дозволи на командирите да имплементрираа поефикасни стратегии за пристапот и распределбата на војната сила.

Ласерски скенер за дигитализација на места од интерес

FARO Focus е ласерски скенер кој моментно се користи од агенции како федералното биро на истрага (FBI) и полицијата во градот Њу Јорк. Специјалниот агент Едвард Вилер објаснува дека со оваа технологија можат да извршат 800 000 мерки во 3D за само една секунда. На овој начин, целото место на злосторот се снима за неполни четириесет минути, наместо да се трошат стандардните два до три часа за рачно мерење на целото место. Веќе претпоставувате зошто е ова исклучително важно за армијата. Со понатамошни надградби, тие би можеле да наместат направа на роботи или возила и да направат 3D слики додека таквото возило се движи со 90 километри на час. Во чиста темница!

На прашањето од каде потребата за ваква програма, заменик на командантот на Американската армија, Мајк Мекарти објаснува дека целта на армијата е да станат поефикасни и поекономични. Според нивните проценки, користење на 3D принтери допринесува до 40% временска ефикасност и ги чини значително помалку пари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии