Каква конфигурација ви треба за да ја играте For Honor

For Honor e една од најочекуваните игри кои треба да се појават во февруари. Прикажана како онлајн акциона hack and slash игра за време на средновековниот период, For Honor бара i3 процесор и GTX750ti, со 4GB RAM доколку сакате да ја покренете играта со највпечатливите визуелни ефекти исклучени. За графичко-исполнително искуство потребно ви е i5 процесор, GTX760 и 8GB RAM (Детални графички побарувања се на крајот од овој текст).

For Honor излегува на 14 февруари и ви овозможува да заиграте како една од три фракции, односно витез, самурај или викинг. Секоја од фракциите има по четири класи, со планирано исфрлување дополнителни класи по излегување на играта. За играта е планирана затворена бета веќе неделава (од 26 до 29 јануари), а доколку сакате да ги проверите трите трејлери кои излегоа претходната недела, упатете се кон нашиот неделен извештај #17.

Како што кажавме и во еден од претходните извештаи, сезонската пропусница за For Honor ќе даде пристап до шест нови воини една недела пред оние кои не ја поседуваат пропусницата, но и ран пристап до други нови содржини, три таканаречени scavenger crates, Sunbeam emote и триесет дена статус на шампион. Цената за пропусницата е непозната, но доколку ја купите златната единица за неверојатни 100 долари, ја добивате основната игра како и предностите од пропусницата. Златната едиција доаѓа и со три уникатни украси за шлемови, специјален ефект при ликвидирање и седум дневен шампионски статус.

Минимални побарувања

  • OS: Windows 7, Windows 8.1, Windows 10 (само 64-bit верзии)
  • ПРОЦЕСОР: Intel Core i3-550 | AMD Phenom II X4 955
  • ГРАФИЧКА КАРТА: NVIDIA GeForce GTX660/GTX750ti/GTX950/GTX1050 со 2 GB VRAM или повеќе | AMD Radeon HD6970/HD7870/R9 270/R9 370/RX460 со 2 GB VRAM или повеќе
  • RAM: 4GB
  • Резолуција: 720p@30FPS
  • Квалитет на графика: Низок
  • VSync: Изклучен

Препорачани побарувања

  • Resolution: 1080p@ ~60FPS
  • Квалитет на графика: Висок
  • VSync: Off
  • OS: Windows 7, Windows 8.1, Windows 10 (само 64-bit верзии)
  • ПРОЦЕСОР: Intel Core i5-2500K | AMD FX-6350
  • ГРАФИЧКА КАРТА: NVIDIA GeForce GTX680/GTX760/GTX970/GTX1060 со 2 GB VRAM или повеќе | AMD Radeon R9 280X/R9 380/RX470 со 2 GB VRAM или повеќе
  • RAM: 8GB

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии