Каков компјутер ќе ви треба за да ја играте Death Stranding?

Чедото на Коџима, полека се подготвува да премине во втората фаза и да зачекори и на PC фронтот. Кога излезе за конзолите, Death Stranding се покажа како игра која или е многу сакана, или многу мразена. Ретки беа гејмерите кои се наоѓаа на средината на овие две екстремни емоции. Претпоставуваме дека ваквото нешто има влијаено на севкупната продажба на играта и, токму поради тоа, се доби зелено светло за понатамошна транзиција и брза подготовка на играта за PC платформата.

Can Your PC Run Death Stranding? | PCMag

Death Stranding излегува на 14 јули, но дали ќе можете да ја играте? За минимално графичко уживање, врзано на 30 фрејмови во секунда, потребен ви е Intel Core i5-3470 процесор, 8GB РАМ, и GTX 1050 3 GB. Ух, звучи како голема побарувачка, нели? Ова е под услов да сте задоволни со 720p резолуција.

Death Stranding Game | PS4 - PlayStation
Death Stranding бара нескромни 80GB простор на хард диск

За препорачано 1080p искуство со 30 фрејмови во секунда, се бара процесор како Intel Core i5-4460, 8GB РАМ, и GeForce GTX 1050 Ti 4 GB, додека за 60 фрејмови во секунда, ви треба значително понова машина, со барем Intel Core i7-3770 процесор, 8GB РАМ, и GeForce GTX 1060 6 GB. 

2 коментари на “Каков компјутер ќе ви треба за да ја играте Death Stranding?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии