Каков ефект имаше Новогодишната елка од пластични шишиња

По видеото, сега е објавен и инфографик со информации за колку пластични шишиња беа соберени и потребни да се направи елката, и каков позитивен ефект имаше таа врз луѓето. Инфографикот е изработен од @Banekoma.

Тоа што е интересно е што за елката од пластични шишиња се споделија 1.204 твитови, а приказната ја споделија еден куп македонски блогови, портали и медиуми, а забавната емисија Backstage ја прогласи и за „потег на неделата“. Слики од елката ќе најдете тука.

„И, што ако направивме елка?“, вели иницијаторката на настанот, Тамара Атанасоска. „Јас знам дека оној на кој му недостига културата за грижа на околината нема магично да се преобрати кога ќе ја види елката. Но можеби, ова е само почеток, и многу вакви акции ќе се прават во иднина, па ако барем еден човек се подзамисли и го смени своето однесување, мисија и повеќе од успешна.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии