„Женските корисници се неопеаните хероини позади најинтересните, најбрзо растечките и највредните потрошувачки интернет и е-комерц компании. Особено кога се работи за социјалните сервиси и купувањето, жените го владеат интернетот.“, пишува TechCrunch.

Податоците од аналитичките компании се навистина интересни. Американскиот сервис за групно купување Groupon на нивната страница има објавено статистики во кои се вели дека 77% од нивните купувачи се жени. Иако тоа се однесува на американската популација, сигурно ни во Македонија процентуалната застапеност на жените не е помала. Ако ги отворите нашите Grouper или пак Колектива можете да забележите дека поголемиот број од понудите ги таргетираат жените. Иако немаме некоја официјална статистика, сите индикации, пример вид на понуда и број на купени купони, упатуваат на тоа дека и Македонија го прати глобалниот тренд на доминирање на женски купувачи.

Kога се работи за социјалните мрежи, на пример Facebook, таму има поголем број на женски корисници отколку машки, но исто така, според статистиките на Facebook жените побрзо ги прифаќаат новите концепти и почнуваат да ги употребуваат отколку машките корисници, што неминовно го турка развитокот на интернетот напред. Кога се однесува на македонските корисници, бројот на машки кориcници на Facebook (494.560) се уште го надминува бројот на женски корисници (350.040), но со толку брзо растечкото прифаќање, оваа предност не е загарантирана. Ни Twiiter не заостанува со женската доминација, односно неколку истражувања покажуваат дека жените повеќе го искористуваат Twitter и она што го нуди.

Уште една гранка каде глобално доминираат женските корисници е индустријата за игри, посебно друштвените игри. Игрите на Zynga ги играта 60% жени, што со бројката на 100 милиони корисници на Cityville за 6 недели може да се каже дека жените ја избуткале оваа игра напред.

„Растечката важност на жените на интернет не ја рефлектира само важноста на жените, туку покажува дека интернетот станува се помасовен медиум од порано.”, пишува Business Insider.

Што значат овие податоци всушност? Значат многу за оние кои сакаат нешто да продадат или да понудат на интернет. По убедливите бројки кои покажуваат дека жените се движечка сила напред, и се клучните играчи во креирањето повеќе профит, секоја компанија би требало да подразмисли за влијанието кое овие податоци имаат врз нејзиното работење. Наклонетоста кон женската визија, за која се потребни вработени кои можат да ја турнат компанијата во таа насока, треба да е во приоритетите на компаниите, а особено на оние кои се занимаваат со е-комерц, затоа што тие би имале најмногу бенефит.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии