Како во Белград е креирана една од најиграните игри на Facebook – Top Eleven

Image courtesy of Nordeus

Основачот на Nordeus, Бранко Милиутиновиќ растел во Белград, токму во времето кога НАТО ја бомбардираше Србија. Дури и тогаш, г. Милутиновиќ, кој сега има 34 години, „чепкал“ во компјутерот.

Идејата за основање на сега најголемиот девелопер на видеоигри на Балканот започнал во Копенхаген, Данска. Како дел од Microsoft ги запознал Иван Стојисављевиќ и Милан Јововиќ, и со парите заработени во Данска го основале Nordeus.

Нивната прва игра Top Eleven сè уште е една од најиграните игри во повеќе региони. Играта е релативно едноставна. Играчот е во улога на менаџер на фудбалски клуб и купува и продава играчи, сѐ со цел да го подобри својот клуб. Top Eleven е во топ-10 Facebook игри по заработка во седум држави. Компанијата нема инвеститори што им овозможува поголема слобода.

„Инвеститорите ви даваат многу пари, и помалку слобода. Не ни беше грижа и сè уште не ни е е грижа за првото; слободата е важна работа“, вели г. Милутиновиќ во интервју за Bloomberg.

Но, г. Милутиновиќ не ги заборавил деновите кога се криел од бомбите. Штетите се толку големи што г. Милутиновиќ и денес донира средства за нивна поправка. Noredus е еден од најголемите донатори во детските болници. Дел од профитот на компанијата е искористен за инвестирање во над 11 педијатриски одделенија.

Основачите на Nordeus нема ниту да ја продадат компанијата, ниту да земат надворешни инвестиции. Компанијата има 170 вработени, а ќе престане да вработува кога ќе стаса на 250.

Србија и Македонија имаат слични предизвици кога развојот на ИТ сектороте во прашање. Најголемиот проблем е убедувањето на најквалитетните кадри да останат во државите.  Г. Милутиновиќ с обидува да го промени ова. Во соработка со Microsoft и Seven Bridges Genomics ја започнаа иницијативата Digital Serbia. Целта е да се засили техничкиот сектор во Србија. Независно од оваа инициајтива, Nordeus организира и регионален гејминг хакатон. Учесниците имаат 48 часа да покажат дел од својата умешност во развивање на видеоигри.

Во моментов Nordeus се обидува да го пронајде „клучот“ за својот нов хит, работат на својата нова игра Spellsouls.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии