Како виртуелниот свет на видео игрите и помага на неурологијата

И покрај големиот број на критики за штетното влијанието, се чини дека се почесто им наоѓаме примена на видео игрите за проучување во неурологијата. Најновото откритие потпомогнато од видео игрите доаѓа од истражувачот на човековиот мозок, Мајкл Кахана од Универзитетот Пенсилванија, кој ги мапираше грид ќелиите кај човекот, чија функција е да бидат природен GPS за да се снајдеме во просторот. Овие ќелии се во „комуникација“ со ќелиите за локација, кои исто така беа пронајдени од г. Кахана. Ќелиите за локација се своевидна локациска меморија која се активира единствено кога ќе дојдете на позната локација. За разлика од нив, грид ќелиите ја одредуваат локацијата под влијание на човечките сензори како видот, екстремитетите и слухот. Двата типа на ќелии го составуваат човечкиот GPS-систем. Сепак делот за навигација во мозокот е составен од уште засега-некатегоризирани-нервни клетки.

Целото ова откритие ќе беше невозможно, или далеку посложено, без видео игрите и досетливоста на г. Кахана. За мапирање на човековиот мозок се потребни електроди кои се поставени во мозокот. За ова тој ги искористи пациентите кои страдаат од епилепсија кај кои се вградуваат електродите за набљудување на состојбата. Бидејќи е апсолутно непрактично да ги пушти доброволците да шетаат наоколу со опремата на глава од која излегуваат куп жици, г. Кахана се досети да го искористи виртуелниот свет. Наместо надвор, учесниците се снаоѓаат во видео игра.

Целта на играта е да возите велосипед или жолто такси по град и да пронајдете скриени места. По 12 обиди учесниците во истражувањето го пронаоѓале местото за 8 секунди. Мапата на играта е поделена на 28 квадрати, а додека играчите возеа, научниците ја набљудуваа работата на 893 мозочни клетки од неколку кортекси. Дел од ќелиите се активираа се вози во правец на стрелките на часовникот, а се неактивни кога учесниците се движат во обратната насока. Овие ќелии потоа ги праќаат податоците кон локациските ќелии, па траекторијата по која патуваме е постојано дополнета со локацијата и движењето.

„Сето ова креира динамично, сестрано и вградено чувство за ориентација кое нè одржува на патот, без разлика дали се шетаме во парк, се возиме од работа или се обидуваме да стигнеме до бањата во темнината.“, вели професорот Кахана.

Со експериментот г. Кахана ги откри мозочните клетки кои се активираат на локации во просторната решетка за кои од порано е познато дека постојат кај глувците и кај кучињата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии