Како видео игрите помагаат кога се во прашање моторните функции и координацијата

Видеоигрите често ги обвинуваат за лошо влијание, најчесто врз младите, а обвинувањата најчесто се во насока на зголемена агресивност или недостаток на внимание, но анализата која ја презентира BBC, уште еднаш покажува дека не сите истражувања се точни.

Што се однесува до повишената агресија, дел од истражувањата покажуваат дека гејмерите имаат четири отсто повисока агресија, но има фактори кои повеќе допринесуваат, па психолозите не се согласуваат дека токму игрите се одговорни.

Сепак она за што сите се согласни е дека гејмерите се повешти од останатите кога моторните функции се во прашање и координацијата. Така, истражувањата покажуваат дека видеоигрите се добра вежба за сите кои планираат да бидат хирурзи. А Кејт Хоедмакер креираше видеоигра која им помага на хирурзите да бидат попрецизни, навидум играта нема никаква врска со операциja туку играчите им помагаат на дете и неговото робот милениче да излезат од рудник, во кој се загубени.

Дафне Бавели благодарение на видеоигрите ја подобрува визуелната меморија на своите пациенти, но нејзините истражување покажуваат дека играчите на акции и шутери имаат подобра визуелна меморија од луѓето кои не играат.

Поинтересно е истражувањето на Симона Кух чии тестови покажуваат дека при играњето на видео игри одредени делови на мозокот побрзо растат. Станува збор за региони од мозокот задолжени за навигација и побрецизна контрола при движењата. Играта користена во овие тестови е Super Mario DS за Nintendo DS.

Но можеби најветувачка и највозбудлива е можноста која видеоигрите ќе им ја понудат на повозрасните. Резултатите од истражувањето во институтот во Калифорнија покажуваат дека меморијата и концентарацијата на учесниците во овие тестови е зголемена, но она што е упте поважно, тестовите покажуваат дека овие подобрувања се пренесуваат и надвор од видеоигрите во реалниот свет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии