Како вештачката интелигенција го подобрува онлајн шопингот

Дејан Соколоски

во Вести

Оваа недела инженерите на Facebook претставија алатка која со помош на вештачка интелигенција треба до подобри искуството на купување облека преку интернет.

Облеката која ја носат луѓето е комплексен избор. Често зависи од куп параметри. Главните се удобност, вкус и пригода, но влијание имаат и модата, друштвени услови, временски услови, популарност, уметност, и слично, пишува VentureBeat.

Еволуцијата на стилови на облека и нивната миграција
низ целиот свет интригира, а сепак тешко квантитативно да се опише. Предлагаме откривање и мерење на модните влијанија од секојдневните слики на луѓе што носат облека.

Нашиот пристап ќе открие кои градови влијаат врз други градови во смисол на ширење на нивните модни стилови.

Потоа, ќе ги користиме откриените модели на влијание за да формираме модел за предвидување што ќе предвиди популарноста на кој било стил на облекување во кој било град во иднина.

Ја демонстрираме нашата идеја со GeoStyle – голем пакет на податоци од 7,7 милиони слики од 44 најголеми светски градови. Ги презентираме откриените односи на влијанието, откривајќи како градовите влијаат и добиваат модни влијанија за сет од 50 набљудувани стилови.

Потоа моделот за предвидување постигнува напредни резултати за предвидување на стил, покажувајќи ја предноста на визуелниот тренингот на еволуција на стилови, како просторна, така и временска, велат истражувачите Зиад Ал-Хала и Кристен Груман.

Засега не е сосем јасно како новата вештачка интелигенција ќе се смести во Facebook Shops продавниците кои компанијата ги најави минатиот месец. Речиси без сомневање ќе бидат интегрирани на друштвените мрежа и ќе помагаат со зголемување на продажбата. Дури 35 отсто од продажбата на Amazon доаѓаат од препораките кои компанијата им ги прикажува на корисниците. Facebook би можел ова да го прави и подобро. Друштвената мрежа и Instagram имаат доволно податоци за облеката која ни се допаѓа и ако успеат, (а веројатно веќе и го прават тоа) да ги анализираат нашите слики за облеката која ја носиме ќе можат баш да ни покажуваат облека каква што ни се допаѓа.

Од она што е објавено во истражувањето, тестирани се 7,7 милиони слики од 44 града од Flickr и Instagram. На секоја од сликите се следени навистина огромен број параметри, дури 46 атрибути од овие фотографии. Дел од атрибутите се боја, шари и тип на облека која се носи, но со оглед на тоа дека од интерес е и влијанието на модата од еден на друг град, влезен параметар се и градовите. Интересно, технологијата потврдува како некои стилови на облекување се префрлаат од град во град.

Вистинската примена од оваа технологија ќе мора да ја видиме во иднина, но тоа не значи дека веќе нема вештачка интелигенција која ја среќаваме во онлајн продавниците.

Чет-ботови

Една од најчестите примени се чет-ботовите. Автоматите кои одговараат на нашите пораки им помагаат на продавниците со тоа што им одговараат на прашањата на корисниците кога и да бидат поставени.

Чет-бот е софтвер кој е дизајниран да имитира разговор помеѓу луѓе. Софтверот може да автоматизира делови од онлајн купувањето, но и да им помогне на корисниците кои можеби ќе заглават во некој од чекорите.

Автоматите можат да одговорат на прашања и да даваат совети дури и кога никој нема од другата страна. Ова не само што овозможува информирање, туку е и значително поевтино. IBM предвидува дека индустриите ќе заштедат 8 милијарди американски долари ако се префрлат на ботови.

Интересно дури 65 отсто од „миленијалците“ повеќе сакаат да разговраат со алгоритам отколку со вистински луѓе.

Повеќе персонализација

Чет-ботовите се единствено почеток на перзонализираното искуство за секој купувач. Вештачката интелигенција им помага на продавниците да дознаат како нивните клиенти ги користат платформите на кои ги продаваат своите производи.

Со помош на вештачката интелигенција продавниците можат да обезбедат незабележителен премин за своите клиенти од една на друга платформа. Вести и нотификации за продажна на некој производ може да се испорачуваат директно на паметните телефони и од тука да се направи и продажбата.

Роботи да им помогнат на продавачите

Во физичките продавниците пак роботите можат да им помогнат на продавачите како замена. Можат да ги пречекаат на влезот да им ги покажат различните делови во продавницата, па и да им помогнат да потрошувачите да пронајдат некои производи во продавницата.

Но ова е само дел во автоматизацијата на продавници. Amazon веќе има продавници во кои е се автоматизирано. Технологијата не само што веќе е достапна, туку Amazon и ја продава за други продавници. Продавачите немаат физички контакт со касите, иако за партнерите кои ќе ја купат технологијата сепак ќе постои физички контакт за плаќање. Во овие продавниците е потребна кредитна картичка. Корисникот ја користи на влегување во продавницата. По ова купува што му е потребно и излегува, а системот автоматски ќе наплати.

Секако тука се уште куп работи кои ќе го олеснат нашето купување онлајн, од различни апликации со виртуелна реалност, до купишта технологии кои можат да препознаваат предмети на слики и да ни ги понудат како производ за продажба. Едно е извесно, иднината на продажбата секако е онлајн.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии