Нa Places Новите резултати се одбележани на Google Maps со црвени пин со буква преку кој ќе добиете подетални информации, пример, за локалниот хотел.

Пребарувањето на местата ќе се појави автоматски во резултатите кога Google ќе претпостави дека вие пребарувате локални информации. Но, ќе има и линк за „Places” на левиот панел на резултатите од пребарувања за да може да се префрлите на тие резултати кога ќе сакате.

Во секој случај, ова е одлична можност за локалните бизниси да се истакнат во пребарувањето. Земајќи в предвид дека огромен дел од македонските и странските интернет корисници го користат Google за пребарување, сигурно на локалните бизниси ќе им е во корист да се појават во резултатите со својата локација, телефонски број, адреса, слики од продукти и други детали со кои ќе можат да се претстават и да го привлечат корисникот.

Во моментот Google Places стартува постепено и ќе биде глобално достапно на 40 јазика за неколку дена.

Како да се појавите на Google Maps (и Places)?

За да го вметнете вашиот бизнис на Google Maps, и со тоа да се прикажува со Places пребарувањето, отидете на овој линк. Доколку не разбирате англиски горе имате опција да го промените јазикот, најблискиот до македонски од листата е хрватскиот јазик.

Во следното мени, откако ќе одберете држава каде е вашиот бизнис напишете го телефонскиот број. Бројот е потребен бидејќи при крај на регистрирањето Gооgle ќе ви се јави да ви даде код со кој се верификува листингот.

Потполнете ги полињата со дополнителните информации. При внесување на адресата и поштенскиот број Google сам ќе ви ја најде локација и ќе ви прикаже мапа десно. (ќе треба да кликнете на доле-лево Fix incorrect marker location да го поставите маркерот на точната позиција на мапата.)

При потполнување на полињата ќе имате можност да одберете категорија под која ќе бидете излистани, да вметнете слика или видео, ќе можете да одредите работно време, дали вршите испорака, каков платежен систем користите, дали имате паркинг…

На крај Google ќе ве праша како да ве контактира да ви го испрати кодот, дали преку SMS или да ви се јави на фиксниот телефон.

Го вметнувате кодот и во рок од 30 минути до еден ден вашиот бизнис ќе биде на Google Maps и достапен за интернет корисниците кои ќе користат Google Places.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии