Како до успешна размена преку Еразмус за претприемачи

(Ова е гостински пост на Емир Слезовиќ, стартап и коворкинг ентузијаст. Постот е првично објавен на LinkedIn, и реобјавен со негова дозвола)


За да научам повеќе за претприемништво во еден од најстартап градовите во Европа оваа година одлучив да се преселам во Берлин.

Добив бизнис размена во коворкинг просторот betahaus и дојдов во Берлин. Тоа го направив преку европската програма Еразмус за млади претприемачи.

Во овој текст ги споделувам моите лични совети како успешно да се пријавиш и да дојдеш до твојата посакувана компанија.

WTF е Еразмус за млади претприемачи?

Еразмус за млади претприемачи е европска програма каде што млади кои сакаат да водат бизнис, учат од искусни претприемачи преку престој (од 1 до 6 месеци) во нивните компании. Животните трошоци за престојот се покриени со износ дефиниран за државата во која ќе престојуваш.

Како се аплицира?

Процесот за аплицирање е поделен во 4 фази и е олеснет од страна на посреднички организации, контакт точки на програмата:

  1. Фаза на аплицирање: Се аплицира online на следниот линкНајважно во овој дел е да се има убаво изработен бизнис план за твојата идеја.
  2. Matching phase (апликантот и компанијата домаќин се спојуваат)
  3. Фаза на подготовка: склучување на договори и подготовка на размена
  4. Фаза на спроведување: односно убавиот дел од програмата каде престојуваш во компанијата домаќин.

Организација посредничка — контакт точка на оваа програма од Македонија беше Бизнис Конфедерација на Македонијатие може да ти одговорат на сите прашања кои ги имаш за програмата!

Најголемиот проблем во целиот процес е matching фазата и спојување со твојата посакувана компанија.

Sell your self

Мојата идеја како да се продадаеш на посакуваната компанија се базира на CareerLaunch говорот на Блаже Аризанов од Stay Uncle.

Чекорите се следни:

    1. Дефинирај неколку од посакуваните компании во кои сакаш да ја направиш размената. Истражи со кои потреби и проблеми се соочува таа компанија.
    2. Испрати меил или искористи ја моќта на социјалните мрежи (LinkedIn, Twitter, Facebook) и поврзи сe со “decision maker-от“ од компанијата.
    3. 80% од работите се добиваат преку препорака.
    4. Доколку имаш контакти кои можат да те препорачаат до него/неа, тогаш имаш огромна шанса да ја добиеш размената во таа компанија.
    5. Продади се со конкретна порака, како ти со твоето искуство и вештини ќе им ги решиш проблемите. Наведи дека сакаш да присуствуваш преку Еразмус за Претприемачи програмата и дека тие нема да имаат финансиска одговорност према тебе.

Тоа е тоа.

Еразмус за претприемачи во македонски компании

Оваа програма е отворена за македонски компании кои што се регистрирани повеќе од 3 години. За да се учествува како компанија постои едноставна пријава и мали одговорности. Ова се дел од потенцијални придобивки:

Сите детали за условите и за учество во Еразмус за млади претприемачи се на следниот линк.

Со среќа! 👩‍🚀 👔 🇪🇺