Како ЦИА преку Crypto AG ги следеше податоците на клиентите на компанијата

Во седумдесеттите години студената војна беше во својот ек. Сојузниците од западниот блок им плаќаа на САД и Западна Германија за најтајната комуникација која беше достапна, но не се ни сомневаа дека нивните пријатели го слушаат „секој збор“.

Компанијата Crypto AG е основана за време на Втората светска војна. Компанијата во овој период произведувала машини за кодирање за Армијата на САД. Благодарение на овие средства од властите во САД, Crypto AG набрзина стана доминантен на овој пазар.

Сепак најстрого чуваната тајна во овој период е дека швајцарската компанија која е водечки производител на криптографски уреди е во сопственост на Централната агенција за разузнавање и Западно германското разузнавање. Технологијата на која работеле компанијата во почетокот била со механички запчаници, па електронски кола, за во поново време д асе префрлат на чипови и софтвер. Она што е заедничко за сите производи е дека имаат вграден „влез“ за Централната агенција за разузнавање, вели Washington Post.

Опремата на компанијата ја купувале Иран, Пакистан, Индија, држави од Јужна Америка, но не и непријателот во студената војна Русија и Кина.

„Тоа беше разузнавачкa кражба на векот. Странските влади им плаќаа многу на Соединетите држави и Западна Германија за привилегија најтајните комуникации да им ги читаат најмалку две (а можеби и пет или шест) странски земји“, вели извештајот на ЦИА до кој дојде Washington Post.

Благодарение на ова Централната агенција за разузнавање дојде до доверлива и тајна комуникација и знаеше за заложничката криза во Иран, 1979 година; доверливи податоци за војската на Аргентина во Фолкландската војна; атентати на јужноамерикански лидери и повеќе други значајни настани.

Сопственичкиот удел на ЦИА во Crypto AG досега не е објавен, иако компанијата веќе и не е релевантна.

Колкава е „помошта“ од Crypto, покажува податокот дека во 1980 година 40 отсто од комуникацијата која била следена од Националната агенција за безбедност поминувала низ овие канали.

Crypto AG се распадна во 2018, но повеќе држави сѐ уште ја користат технологијата развиена пред повеќе години. Она што остана од компанијата е поделено во две нови компании, CyOne Security и Crypto International.

CyOne Security и продава крипто услуги исклучиво на Швајцарија. Crypto International ја презема интернационалната работа на компанијата. Двете компании не знаат дека претходно Централната агенција за разузнавање била сопственик на Crypto. Тајноста на претходните сопственици е обезбедена и од законите во Линхтенштајн кои го кријат идентитетот на сопствениците и акционерите на компаниите.

Во Crypto International никогаш не сме имале никакви односи со ЦИА или БНД, ве молам цитирајте ме, вели Андреас Линд претседател на компанијата. „Ако ова што го велите е точно, тогаш апсолутно се чувствувам изневерен, моето семејство се чувствува изневерено и чувствувам дека ќе има голем број вработени, како и клиенти, кои ќе се чувствуваат предадени.

Crypto AG започна со поедноставни механички уреди кои на војниците им овозможуваа нешто побезбедна комуникација. Сепак во 1960 година основачот на компанијата Борис Хагелин прифатил помош за развој на електронски уреди.

Ова било период во кој ЦИА конечно требало да ја изгуби можноста за следење на разговорите. Интегрираните кола требале да стават крај на механичките пропусти. Сепак, еден од аналитичарите на Националната агенција за безбедност пронашол потенцијален пропуст. Наместо бесконечно долга низа броеви генерирани по случен избор, колата биле „модифицирани“ со пропуст и генерираат низа која се повторува и компјутерите можеле да ја пробијат шемата.

Во 1967 година компанијата го претстави H-460 електронски уред за криптирање. Тоа што беше тајна е дека беше дизајниран од Националната агенција за безбедност.

H-460 немал скриена „врата“ (backdoor) од која агенциите ги прибирале податоците, единствено имале вграден пропуст кој декодирањето го крател од неколку месеци на неколку секунди.

Потоа компанијата креирала две верзии на машината. Првата им била испорачувана на блиските сојузници на САД. Втората со вграден пропуст е за сите останати држави.

Наскоро и дел од сојузниците на САД дознале дека во уредите на Crypto е скриен пропуст кој им овозможува да дојдат до тајни податоци. Веројатно знаејќи го ова Франција се обидела да ја купи компанијата од г. Хагелин. Ова е една од причините поради кои ЦИА и западно германската агенција БНД се договориле и ја купиле компанијата за 5,75 милиони долари. За се да остане тајно новата компанија е регистрирана во Линхтенштајн. Во овој момент единствено управителот на компанијата знаел за вмешаноста на ЦИА.

Двете компании главно ја користеле компанијата за следење на комуникациите, но секоја година ја делеле и заработката која компанијата ја заработувале продавајќи дефектни уреди. Нешто подоцна во компанијата влегле Siemens како германски претставник и Motorola како претставник на американската страна. Двете компании знаеле дека станува збор за разузнавачка операција.

Најголемиот недостаток на операцијата (некупувањето на опремата од Русија и Кина) агенциите го надминале со следење на разговорите помеѓу сојузниците на овие држави кои ја купиле опремата од нив.

Во објавените податоци е документирана употребата на информациите од овие уреди во неколку наврати. Во преговорите помеѓу Египет и Израел, САД ја прислушувале комуникацијата на претседателот на Египет со претставници во Каиро.

Подоцна ги користеле уредите при опсадата на амбасадата на САД во Иран. Во комуникацијата за ослободување на заложниците од амбасадата САД ги користеле Алжирските власти. Повторно благодарение на следените разговори успеале да излезат во пресрет на секое барање на Иран.

За време на краткотрајната војна помеѓу Аргентина и Велика Британија, САД им праќала податоци на Британците.

Првите податоци кои укажувале дека САД има начин да ги прислушува „непријателите“ доаѓаат во мандатот на претседателот Реган. Во 1986 година Либија била вмешана во бомбашки напад во диско во Берлин во кое помеѓу жртвите биле и американски војници. Десет дена подоцна ја нападнале Либија.

Реган рече дека Соединетите држави имаат докази за соучесништвото на Либија. Доказите се „директни, прецизни и несомнена“.

Доказите, рече Реган, покажуваат дека амбасадата на Либија во Источен Берлин добила наредби да го изврши нападот една недела пред да се случи. Потоа, еден ден по бомбардирањето, „јавија на Триполи за големиот успех на нивната мисија“.

Овие споделени податоци се и премногу прецизни да се знаат без да биде декриптирана комуникацијата. Либија и Иран сфатиле дека го користат истите уреди, но Иран реагирал дури 6 години подоцна.

Што се однесува до државите чии комуникација е следена листата е составена од држави од целиот свет, а дел од неа е и Југославија.

Од Северна и Јужна Америка

  • Аргентина
  • Бразил
  • Чиле
  • Колумбија
  • Хондурас
  • Мексико
  • Никарагва
  • Перу
  • Уругвај
  • Венецуела

Од Европа:

  • Австрија
  • Чехословачка
  • Грција
  • Унгарија
  • Ирска
  • Италија
  • Португалија
  • Романија
  • Шпанија
  • Турција
  • Ватикан
  • Југославија

Од Африка:

  • Алжир
  • Ангола
  • Египет
  • Габон
  • Гана
  • Гвинеја
  • Брегот на Слоновата Коска
  • Либија
  • Маврициус
  • Мароко
  • Нигерија
  • Конго
  • Јужна Африка
  • Судан
  • Танзанија
  • Тунис
  • Заир
  • Зимбабве

Блискиот исток:

  • Иран
  • Ирак
  • Јордан
  • Кувајт
  • Либан
  • Оман
  • Катар
  • Саудиска Арабија
  • Сирија
  • О.А.Е.

Азија

  • Бангладеш
  • Бурма
  • Индија
  • Индонезија
  • Јапонија
  • Малезија
  • Пакистан
  • Филипини
  • Јужна Кореја
  • Тајланд
  • Виетнам

Дополнително цел следени се и комуникациите на Обединетите нации.

Операцијата продолжила непречено до средината на 90-те. Повремено се појавувале вработени кои биле сомничави за пропустите, но никој не излегол во јавност со вакви податоци. Главна причина за падот на Crypto е всушност намалувањето на заработката. Во овој период за да продолжи со работа компанијата добивала пари од Централната агенција за разузнавање.

Во овој период веќе имаше сосем нови системи за криптирање, но бавниот државен апарат во најголем дел од овие држави бавно се префрлаше на новата и подобра опрема.

Crypto иако едвај, успеа да „преживее“ до 2017, 2018 година. Компанијата беше поделена и продадена во 2018. Ликвидацијата на компанијата е направена во истата компанија во Линхтенштајн која десетици години пред тоа ја регистрираа фирмата. Crypto во овој период е проценет на помеѓу 50 и 70 милиони долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии