Како технологијата им помага на настраданите од супер-тајфунот Хајан

Супер-тајфунот Хајан кој ги погоди Филипините зад себе остави над 10.000 загинати и 600.000 раселени, јавува Reuters. Дел од преживеаните немаат храна, вода, ниту лекарства, а хуманитарните напори се отежнати поради пречки на патиштата. И додека на теренот се проценува првичната штета и се прават напори за олеснување на проблемите кои ги имаат преживеаните, неколку технолошки гиганти се обидуваат да помогнат со свои апликации.

Google повторно, како и со претходни катастрофи, излезе со апликација со која им помага на преживеаните да ги пронајдат своите изгубени роднини. Апликацијата е наменета за веб, но веќе има и своја мобилна верзија. Сервисот ќе станува се подобар колку што има повеќе корисници во базата на податоци. Покрај пронаоѓањето на луѓе апликацијата овозможува и донации преку американскиот Црвен крст, УНИЦЕФ и Програмата за храна. Користењето на апликацијата е едноставно, може да се одбере помеѓу „барам некого“ и „имам информација за некого“ со кои корисниците можат да си помогнат во пронаоѓање на блиските. Покрај ова апликацијата има и дел во кој настраданите можат да побараат преноќиште, центар за евакуација, болница или клинички центар со „кризните мапи“.

[youtube]7yECGSh97gs[/youtube]

Viber пак, излезе со можност за сите жители на Филипини да ги користат меѓународните и локалните разговори бесплатно. Услугата се однесува и на барање и на броеви кои не се од Viber, а привремената услуга ги обезбедува и овие разговори бесплатно. Апликацијата дозволува вртење на сите броеви без разлика дали се дел од фикснaта или мобилната телефонија.

Иако властите во Филипини се подготвуваа за ваква непогода, но за жал проектот NOAH не беше подговен навреме да одговори на рекордната бура со ветри со брзина од 315 километри на час. NOAH – Nationwide Operational Assessment of Hazards е иницијатива на Министерството за наука и развој, а треба да допринесе за рано детектирање и предупредување за опасности од тајфун. Проектот треба да опфати автоматизирани мерачи за количество на дожд, висина на вода и 3Д-модели на областите кои се подложни на поплави, пишува ZDNet. За жал проектот е предвиден за декември 2013 година и доаѓа малку предоцна за Хајан, но токму оваа бура ја покажува непоходноста од навремено предупредување на жителите во опасностите кога и минутите можат да направат значителна разлика.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии