Како технологијата го спаси Ердоган

Технологијата која често му пречи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, овој пат можеби го спаси неговото претседателствување. Вo клучните моменти на војниот пуч кога најголем дел од медиумите се прашуваа каде е г. Ердоган, и започнаа да се јавуваат информации дека побарал азил, претседателот преку FaceTime им се обрати на граѓаните и побара од нив да излезат на улиците, да го одбранат него и демократски избраните власти.

Во петок во 22 часот дел од војската започна блокада на неколку клучни објекти: мостови, аеродроми, државни телевизии, седиштето на владејачката партија и претседателската палата. Неколку часа авиони ги надлетуваа Истанбул и Анкара и изгледаше дека војската има целосна контрола. Оваа ситуација продолжи неколку часа додека шпекулациите велеа дека г. Ердоган се крие или бара азил. Сѐ до неговото појавување преку FaceTime на државната телевизија преку кој ги повика граѓаните да излезат на улица.

Во време кога светот и турските граѓани бараа детали за пучот, додека војската правеше обиди да изгаси неколку медиуми во обид да се ограничи информирањето; најголемиот број на луѓето се свртеа кон социјалните мрежи. Видеата во живо на Facebook прикажуваа слики од улиците низ градовите. Иронично, владејачката партија која претходно толку често ги блокираше социјалните мрежи обидувајќи се да ја запре информирањето на граѓаните, сега мораше да ги користи мрежите за масовно да ги мобилизира своите приврзаници против бунтовната армија.

Истовремено повеќе извори тврдеа дека во Турција повторно се блокираат социјалните мрежи: Facebook, Twitter и YouTube. Вестите за блокирањето се поделени, некои тврдат дека социјалните мрежи се блокираат, а други дека во период од два часа биле многу забавени. Причината за блокирањето е најверојатно да се намали комуникацијата меѓу граѓаните, и да и се овозможи дел на бунтовничката војска да заземе подобра контрола.

„Нашите податоци покажуваат дека два часа социјалните мрежи имаа проблем, но немаше потполно гаснење на интернет во Турција.“, вели Turkey Blocks, организација која надгледува дали има онлајн цезура.

По завршувањето на пучот на друштвените мрежи се појавуваат и првите „резултати“ од одмаздата. Војници претепани до смрт легнати на крвавите улици. Се пресметува дека има 161 жртва помеѓу војниците, над 3.000 апсења, но имаше и гласни извици на задоволство од одмаздата. Социјалните мрежи лошо се справија со ужасните слики од убиствата, иако помалку од еден ден порано успеаја да го исконтролираат говорот на омраза и прославата на терористичкиот напад во Ница. По терористичкиот напад во Ница, ИСИС коментираше на каналите на кои се изразуваше жалење поддржувајќи го нападот. Twitter овој пат веднаш ги бришеше коментарите.

„Twitter набрзина ги бришеше коментарите, побрзо отколку што сме забележале досега. Ова е прв пат Twitter да реагира волку ефикасно“, велат од Counter Extremism Project, пренесе Pamelageller.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии