Како Symphony Digital #РаботиОдДома

Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Веќе имавме текст за тоа како светските ИТ компании се справуваат со пандемијата и предизвиците кои ги носи.

Очекувано најголем дел од читателите беше позаинтересиран како со епидемијата се справуваат локалните компании. Па затоа, во серијал од повеќе текстови, насловен „Како [локална компанија] #РаботиОдДома“ ќе се обидеме да презентираме што прават најголем дел од ИТ компаниите кои се од Македонија или имаат канцеларии во Македонија.

Ова е праксата на Symphony Digital, компанија која 15 години се фокусира на изградба на успешни тимови на инженери кои ги поттикнуваат глобалните претприемачи да ја направат својата визија реалност.

Како брзорастечка ИТ компанија соработуваме со некои од најамбициозните и најкреативните тимови во светот. Нашите целосно интегрирани тимови покрај останатото работат и на машинско учење и вештачка интелигенција, проширена реалност (орг. augmented reality), во индустрии како биотехнологија, музичка индустрија, соларна енергија и персонализирана медицина. Со компании кои се наоѓаат на првите десет места на „Fortune 500“ листата, изградивме партнерски модел на соработка преку нашите канцеларии во Сан Франциско, Амстердам, Чикаго, Берлин, Лондон, Копенхаген, Цирих и Денвер. Од 2019 година, со веќе тим од 50 искусни професионалци фукнционира и нашиот развоен центар во Скопје, покрај центрите во Сараево, Белград, Нови Сад и Ниш. Покрај решавањето на едни од најтешките предизвици во ИТ индустријата, амбициозно инвестираме во личниот и професионален развој на членовите на нашиот community, вели Македонка Димковска, HR менаџер во Symphony Digital.


Како се справувате со овие отежнати услови за работа?

Еден од основните столбови на нашата компанија е нашиот community кој го градиме и негуваме низ годините активно и со полна динамика. Со прогласувањето на глобалната пандемија, во текот на последната година се соочивме со предизвикот да размислуваме во една поинаква насока кога станува збор начинот на кој сме поврзани, на кој имаме интеракција и на кој ги градиме нашите професионални односи.

Дигиталната трансформација која се случува изминатата декада, ни овозможи комплетно да го промениме начинот на кој работиме: од дигитални платформи за менаџирање и соработка, преку разлини конференциски алатки и платформи за комуникација, до платформи за развој на вработени. Со појавата на пандемијата, технологијата која ја користиме го акцелерираше начинот на кој не само работиме, туку и на кој ги градиме основите на нашата компанија. Пред повеќе од една година, нашето работно секојдневие се состоеше од плејада на формални и неформални интеракции во нашите развојни хабови, кои беа клучни за градење на културата на Symphony Digital, овозможувајќи пренос на знаења и искуства, развој на идеи и креирање окружување кое промовира соработка и транспарентно комуницирање.

Во текот на последната година, како одговор на глобалните промени кои го променија начинот на живот и работа, нашиот фокус се помести кон градење на култура надвор од физичките хабови во кои работиме. За само 48 часа успеавме да се трансформираме и да ги адаптираме истите алатки кои и претходно ги користевме на новиот контекст, со што еволуиравме и го променивме начинот на кој функциониравме. Се фокусиравме на континуирано зајакнување на нашите вредности преку кои донесовме вредност во секој дом и секое семејство на нашите вработени, со што и нашиот community дополнително се зајакна.

Какво е влијанието врз работата и клиентите?

Symphony Digital е изградена на основа на споделена визија, принципи и вредности на секој од вработените кои се центар на нашата гравитација. Со собирање на константен фидбек од сите членови на тимот, како светски тренд на пазарот кој целосно го следиме, успешно го трасираме нашиот пат и одиме кон остварување на нашата визија – да креираме работна сила од иднината (како што милуваме да кажеме) каде талентираните млади луѓе имаат можности да работат на продукти и софтверски решенија кои креираат промени ширум светот, и најзначајно носат додадена вредност. Во тој процес, нашите вработени се движечка сила на секоја промена и иновација која ја прави Symphony Digital со цел да одговори на глобалните и локалните промени и предизвици.

Како наша пазарна предност може да се издвои искуството и суштинското партнерство со многу клиенти кои и претходно ги водевме низ процесот на дигитална трансформација. Пандемијата дополнитепно примора многу бизниси да се впуштат во целосна дигитална трансформација на своите бизниси, па нашето претходно искуство и пaртнерски пристап кој го применувавме се истакна како значајна конкурентска предност. Ние продолжуваме да делуваме стратешки во развојот на решенија и продукти за нашите клиенти.

Кои алатки ги користите за да ја олесните работата од дома?

За олеснување на работата од дома не воведовме нови само најдовме начин како подобро да ги користиме постечките алатки. “Новата нормала” само ја нагласи и мултиплицираше употребата на комуникациските алатки кои и претходно ги користевме, па формалната и неформалната комуникација си продолжи на Slack, а со новата нормала само подобро се адаптиравме на потребите и интересите на нашиот community. Физичката дистанца, пак, ни наметна целосен shift кон видео конференциски алатки каде пак успеваме и денес да ја одржиме блискоста на нашиот тим и покрај физичката далечина.

Кои се предизвиците при работа од дома?

Нашиот примарен фокус во изминатата година беше и сеуште е менталното и физичко здравје на нашите вработени. За таа цел, од самиот почеток на работата од дома, формиравме центар за поддршка и грижа, преку кој ја следевме добросостојбата на секој од нашите вработени и нивните семејства. Свесни за ограничената мобилност, социјализација и можностите да бидеме блиску едни до други и да си помагаме на начин на кој бевме навикнати, многу лесно успеавме да се адаптираме на новиот контекст и да го извлечеме најдоброто од него со внесување на поинакви пристапи. Во склоп на таа иницијатива креиравме различни активности како работилници за ментално здравје, справување со стрес, менаџирање на сопственото време и енергија, родителство итн.

Нешто што би сакале да додадете…

Физички дистанцирани, но добро поврзани (колку и да звучи како клише), спроведовме низа активности за сечиј вкус. Генералната грижа за менталното и физичкото здравје беше појдовна точка, па нашиот центар за поддршка и различните имуно-пакети само се надоврзаа на континуираната грижа која ја имаме за секој наш член. На тој начин се трудиме да допринесеме кон зачувување на нашата култура и дух, што некако се и наш заштитен знак. Ние сме “engineering community” пред сѐ, па сите активности за трансфер на знаења и искуства само ги адаптиравме во remote контекстот и на некој начин истите се унапредија во поширока платформа согласно околностите. Дополнително, воведовме и низа безбедни активности за сите наши членови на тимот кои негуваат здрави навики, па трчавме заедно (интерни предизвици, па и виртуелен маратон), воведовме опција за кампинг (согласно сите протоколи за заштита), реазлизиравме низа онлајн активности и дружења кои имаа некој тематски фокус – готвевме заедно, се дружевме на квизови, и реазлизираме оналјн тим билдинг активности.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии