Kaко SMS и Facebook им помагаат на земјоделците од Ресен да го намалат загадувањето

Прекумерната употреба на пестициди во овоштарниците во Ресен е едно од поголемите загадувања во природата околу Преспанското езеро каде живеаат над 2.000 уникатни видови риби, птици и животни. За да го спречат ова непотребно загадување, UNDP заедно со Општината Ресен започнаа проект за зголемување на свеста за одржливи земјоделски практики, и рано информирање на земјоделците за опасностите од штетници.

Проблемот со кој се соочуваат земјоделците е временското прскање против штетниците, објаснува UNDP. Ако не испрскаат на време, малите црвчиња, како што ги гледаме во цртаните, нема само да ги уништат овошките, туку ќе му наштетат и на земјоделецот и на природата. Прераното или закаснетото прскање е помалку ефективно против штетниците, и може да биде многу поскапо бидејќи ќе треба да се купат поголеми количини на пестициди, понекогаш и до три пати повеќе. Во вакво сценарот тајмингот на прскањето е клучниот фактор во заштита на природата.

Во 2005-та година UNDP и Oпштина Ресен поставија мониторинг систем за штетниците и заразите на овошките. Беа инсталирани шест соларни агро-метеоролошки станици и бројни феромонски стапици за инсектите. Но, проблемот со кој се соочи проектот е како да се достават податоците навремено до земјоделците. Евтиното решение кое чини помалку од 1.000 долари, вели Димитрија Сековски од UNDP, беше софтвер кој ќе праќа известувања преку SMS пораки директно до регистрираните земјоделци, како и Facebook страна која ќе содржи подетални известувања. Овој систем до сега успеа да го намали користењето за пестицидите за 30 отсто, што е добра вест за земјоделците и за природата.

„Начинот на како се справувавме со пестицидите беше расипнички. И тоа беше поради немањето свест.“, вели г. Сековски. „Сите земјоделци се соочени со проблемот да се дознае вистинското време за прскање. Се е до брзината на известувањата и тоа на многу начини е технички проблем за кој треба техничко решение.“

Овој систем е дел од шест годишниот проект за заштита на Преспанското езеро. Интересно, UNDP вели дека следниот чекор е „гејмифистикација“ на SMS системот, односно да се воведе гејминг механики при решавање на проблеми.

Oвој текст првично објавен од UNDP се појави и на сајтот на National Geographic.

[youtube]9Z40DCzqvHM[/youtube]

1 коментар на “Kaко SMS и Facebook им помагаат на земјоделците од Ресен да го намалат загадувањето

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии