Како сестрите Кардашијан манипулираат со своите следбеници на друштвените мрежи

Со користење на AdBlock корисниците можат да отстранат дел од рекламите, но рекламите ќе си го пронајдат патот. Рекламите сега се во форма на “native” рекламирање, односно спонзорирани статии, кои не се секојпат одбележани, а сè почесто се и на друштвените мрежи.

Сестрите Кардашијан, кои се прославија со реалното шоу, одлично заработуваат од рекламите, дури во некои наврати и по стотици илјади долари од споделување само на еден пост. Сепак непрофитната организација TruthinAdvertising.org вели дека сестрите не покажуваат доволно јасно дека станува збор за реклами. Еден од предлозите е на друштвените мрежи да се користи хаштагот #ad или #sponsored.

insta-kardashian

Image Instagram

„Откако почнав да земам по две @sugarbearhair дневно мојата коса изгледа побујна и е поцврста од претходно.“, објави Клое Кардашијан на Instagram.

Сепак, овој, но и останатите постови на Instagram и на Facebook не беа доволно јасно одбележани дека станува збор за платена реклама; па адвокатите на организацијата ги контактираа сестрите. По опомената дел од постовите се избришани, а на дел се додадено нови хаштази и појаснувања дека станува збор за подароци од страна на компаниите, јави New York Times.

Сестрите се славни па привлекуваат повеќе внимание, но друштвените мрежи се преполни со влијателни членови кои го изнајмуваат просторот на брендови а во многу наврати и се премолчуваат кога станува збор за платена реклама. Неодамна и влијателни YouTube ѕвезди открија дека во дел од видеата рекламираат без објава што се коси со етичките принципи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии