Kaкo се снаоѓа Off.net.mk на Tрендо по првите 30 дена (инфографик)

Трендо го остави On.net.mk, и го стартуваше Off.net.mk, сличен забавно-информативен портал со вести, галерии и македонштина, но овојпат ослободен од корпорацијата, и преместен во „слободна територија“.

Па како се снаоѓа тој со новиот портал по првите 30 дена? Дали успева да ги одвикне фановите и посетителите од On.net.mk и да ги привлече на Off.net.mk? Според статистиката на Google Analytics и Alexa, новиот Трендов портал има по 22.000 дневни посети и околу 2 милиони прегледи на страни во првиот месец.

13 коментари на “Kaкo се снаоѓа Off.net.mk на Tрендо по првите 30 дена (инфографик)

  1. Wow… преку бројките за посетители можам некако да замижам (ниту офф.нет ќе е првиот сајт каде што некој билдал посетители, ниту ќе е последен) ама ова со статиите е премногу. Првин, првото: што според ценетиот Трендо може да конституира една статија? Вест, линк, слика? Или нешто повеќе, како структура за онлајн формат на пример? Како и да е, над 1000 статии за еден месец… пак ќе речам, Wow. Да штанцав RSS од Google News не верувам дека ќе ги стигнев.

  2. Ако стварно им иде толку добро ко што тврдат, немаше да имаат потреба да се цепаат со инфографици. Демек еј, видете не колку сме јаки. Тоа не го прават ни ноу нејм портали. Башка со 22.000 посето дневно нема шанси да рипнат толку на Алекса. Овде нешто гадно смрди.

      1. И баба ми знае дека на Алекса е најлесно да се манипулира со статистики

      2. нема потреба од тоа :) можеш да направиш празен индекс фајл и таму да го пратиш ботот :) win-win

  3. 1054 statii za 30 dena ?? Toa mu doaga otprilika 35 statii dnevno :) . Ke gi molam urednicite neka gi pishat naslovite na 100te statii od minatata nedela . Go otvaram sajtot ednas vo 3 dena i ima po 2 novi statii
    Smeski. Neznam samo koja im e fintava so kurcenjevo so infografikot neso kao fintici od Vlada :) ostvaruvame

    1. Имаше на блогерајот (и веројатно сеуште ги има) двајца ТН блогери кои нон стоп просераваа нешто и цело време исврлаа некои вакви графикони за посети на нивниот блог, ко децата мали шо се вели :)
      Е па Трендо можеби инспирација баш од таму исцрпил, па шлака нешто…
      Народски кажано: Умре Ѓупката шо ги фалеше :)

  4. Човекот кој беше колумнист, тв сеирџија, кој на големо плукаше по кичот и невкусот…Одеднаш му текна да си замини од Он Нет и притоа го популаризира тоа до бескрај (уште пиротехника фалеше), се појавува на повеќе телевизии, на исти онакви емисии по кои плукаше едно време…Напрае портал кој е копија на Он Нет за инает и то е то. Му успеа да си стави банерче од оние владините…На крајот се' се сведува на: Треба леб за фамилијата.
    Ама од сега нека не плука на секаде оти факт е дека почна да лижи онаму кај шо плукаше едно време.
    П.С. Веќе преку гла ми е од портали како екс неговиот и моментално неговиот.

  5. Супер, само уште не ми е јасно каде и како го промовираа сајтот за да дојде на ниво каде што е сега :) Секоја чест

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии