Кaко се разликуваат iPhone и Android корисниците во користењето на друштвени мрежи?

Onavo, стартапот за менаџирање на мобилните податоци, креираше инфографик кој прикажува колку корисниците на iPhone и Android се разликуваат во користењето на друштвените мрежи на своите паметни телефони. Onavо, во рок од 30 дена, има анализирано повеќе од 100,000 мобилни корисници, и има проверено повеќе од 40 терабајти мобилни податоци.

Според оваа анализа, 90 отсто од корисниците на iPhone редовно ја користат мобилната верзија на Facebook, додека Android корисниците не се толку многу по Facebook, бидејќи само 63 отсто од нив ја користат мобилната верзија. Facebook е најкористената друштвена мрежа и на Android и на iPhone. Корисниците на паметни телефони исто така трошат време и на другите друштвени мрежи, но Android корисниците поминуваат повеќе време на нив отколку iPhone корисниците. Погледнете го приложениот инфографик за останатите разлики помеѓу Android и iPhone корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии