Како се менувале температурите во последниот век?

Глобално затоплување, вистина или мит?

Користејќи податоци од NASA, на следниот веб сајт имате интерактивен глобус преку кој можете да видите како температурите се менувале на планетата Земја во последниот век.

Увидот го добивате така што одбирате одредена декада и алатката ќе ги спореди температурите од тој десетгодишен период со средните температури кои преовладувале од 1951 до 1980.

Глобусот можете да го вртите за да подобро се запознаете со аномалиите во најразличните делови од светот. При таквата интеракција, опсипани сте со боцки во различни бои. Црвените, жолтите, и портокаловите боцки алудираат на температури кои се повисоки од просечните, а плави и виолетови боцки покажуваат температури кои се пониски  од просечните вредности.

Интересна едукативна алатка која зазема вознемирувачка хорор димензија доколку ја изберете последната декада. Во таа ситуација, одговорот на прашањето со кое го почнавме текстот станува повеќе од јасен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии