Како се користи Twitter за промоција на бренд? #mkhostnagradi

„Со наградите сакаме да ја анимираме нашата Twitter заедница, да стекнеме нов број на следачи кои навремено ќе се информираат за сите наши понуди, со надеж еден ден да станат и потенцијални клиенти.“, вели Иван Петрушевски од хостинг компанијата, МК Хост.

Играта е едноставно прашање и одговор. МК Хост поставува прашање, членовите одговараат и победникот добива награда. Но, тоа што ги прави овие награди ефикасни е што МК Хост бара сите играчи да го следат нивниот профил и да го користат нивниот хаш таг – #mkhostnagradi. Хаш таг е ознака за групирање на твитови која може да се пребарува.

„Кога се праќаат одговорите останатите корисници ќе го видат #mkhostnagradi и ќе се заинтересираат, со тоа и самите да се нафатат да учествуваат во наградната игра.“

Правила на нашата наградна игра: 1) Да не следите на Twitter и 2) Во одговорот да го вклучите хаштагот #mkhostnagradiless than a minute ago via HootSuite   Favorite | Retweet | Reply

Имајте на ум дека наградите се исто така добро таргетирани. МК Хост е хостинг компанија, се занимава со сервери, веб сајтови и домени, односно услуги кои ги интересираат поголемиот дел од македонската Twitter заедница која се состои од ИТ професионалци, ентузијасти, блогери, емаркетери…

„Решивме да го унапредиме Twitter профилот и да го користиме како медиум поради Twitter популацијата, која за разлика од Facebook е повеќе технолошки информирана.“, вели Иван објаснуваќи ја способноста на Twitter за „брзото ширење на информации. Доколку одредена компанија која што е присутна на оваа друштвена мрежа објави интересна информација истата ќе се прошири многу брзо. Така со самото читање на таа порака се подигнува свеста на луѓето за тој бренд.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии