Како се калеше Nokia N9 (видео)

Nokia N9 не успеа да стане сериозен конкурент меѓу паметните телефони, но тоа не е заради лошиот хардвер, телефонот работи нa 1 GHz процесор со 1 GB RAM и има 8 мегапиксели камера, туку поради MeeGo платформата на Nokia и Intel која едноставно не можеше никако да конкурира на Android и на iOS оперативните системи.

Дури и самата Nokia не беше убедена дека MeeGo може да стана нешто посериозно, па без двоумење ги изостави своите мобилни ОС и ја прифати Windows Phone 7 платформата на Microsoft како примарна за сите свои идни мобилни уреди. Првите WP7 телефони од Nokia ќе се појават денес.

Nokia и Intel веќе решија да го заменат MeeGo со нов оперативен систем базиран на Linux, Tizen, кој ќе се појави до крајот на годината.

На кратко, приказната за N9 е за одличен телефон со несреќно одбрана и лошо развиена платформа. Почетоците на таа приказна ќе може да ги видите во видеото подолу.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии