Како поминавме на обуката за е-трговија “Ladies in e-commerce”

Изминативе два дена, на 18 и 19 април, во просториите на Public Room се одржа Ladies in e-commerce, првата обука за е-трговија организирана од Асоцијација за е-трговија на Македонија.

Обуката вклучуваше работилници и тренинзи преку кои учесниците имаа можност да се запознаат со развојот на е-трговијата во Македонија, предизвиците при водење на сајт за е-трговија, ризиците и правната регулатива која ги засега истите, да научат повеќе и за плаќањата во е-трговија, испорака кон дома и надвор, дигитален маркетинг, email маркетинг, growth hacking, платено рекламирање на Facebook и Instagram, можности за жени во е-трговија и сл.

“Знаењето е клучно во борбата за родова еднаквост, уште повеќе во брзиот дигитален свет.” – посочи Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Преку 13 предавања и 2 работилници, 16-те говорниците кои имаат богато искуство во областа споделија практични совети кои ја наоѓаат својата примена во е-трговијата, и пошироко. Благодарение на поддршката од SwissEP учесниците имаа можност да слушнат и интернационални искуства од 5-те претприемачи кои доаѓаа од Велика Британија и САД.

Но, од импресивната листа на предавачи и говорници морам да ги издвојам локалните успешни приказни. Ако сѐ уште сте скептични околу подготвеноста на македонскиот пазар за е-трговија, тогаш не сте имале шанса да ги слушнете приказните на Нина Ангеловска од GrouperДраган Јосифовски од Paket.mk, Горјан Стојановски од OutletON (Kupi Od Doma) и Петар Ниновски од Brainster. Особено интересно беше да се слушнат предизвиците, но и можностите со кои овие претприемачи се среќаваат во своето секојдневие.

“Овие обуки покажаа дека на македонските компании им недостасуваат вакви едукативни настани каде покрај тоа што собирираат нови знаења, имаат можност и да разменат искуства и предизвици со кои се соочуваат, да видат како другите се справуваат со истите и кои се најдобрите практики кои може да ги применат во своите компании. Особено не радува отвореноста која ја покажаа сите учесници преку плодната дискусија и активното учество. Нашата цел е да ја унапредиме е-трговијата во Македонија и да креираме поволна клима за нејзин раст, а еден од начините за да го направиме тоа е токму едукацијата која ќе помогне во градења на капацитетите и зголемување на понудата во е-трговијата на пазарот која е клучна за раст на индустријата.” – вели Д-р Нина Ангеловска, ко-сопственик и директор на Grouper.mk и Претседател на АЕТМ.


АЕТМ започна со работа во декември 2017, а веќе има 32 членки кои заеднички ќе работат и застапуваат за создавање поволна клима за развој на електронската трговија во Македонија. Во неполни 4 месеци работа асоцијацијата ја формираше својата програма за 2018 година, го одржа своето прво Собрание, организираше прес конференција, гостуваше во голем број емисии и настани кревајќи ја свеста за е-трговијата, објави податоци за е-трговијата во Македонија како дел од сеопфатната анализа за состојбата со е-трговијата во Македонија која е во процес на изработка, ги организираше првите едукативни тренинзи под името „Ladies in eCommerce“, и оствари контакти и размени искуства за соработки со повеќе асоцијации од други земји.

Сите компании кои сакаат да се придружат на АЕТМ може да се информираат повеќе на официјалниот сајт на асоцијацијата и да ги следат активностите на нивната Facebook фан страна.

4 коментари на “Како поминавме на обуката за е-трговија “Ladies in e-commerce”

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии