Како помина првото онлајн издание на Startup Weekend Skopje – Covid 19 edition?

Мила Јосифовска

во ИТ.МК

Овој викенд се одржа десеттото издание на Startup Weekend Skopje! Воедно, тој беше и првиот онлајн Startup Weekend во Македонија, и прв Startup Weekend кој се фокусира на решенија за предизвиците и последиците од Covid-19.

Овој настан претставуваше уникатна можност за оние кои имаат бизнис идеја како да му помогнат на општеството да се справи со предизвиците на пандемијата, овозможувајќи им да оформат тим, да добијат поддршка од експерти, и да ја развијат идејата за време на само 54 часа.

Startup Weekend Skopje – Covid-19 се одржа комплетно онлајн, и во него учествуваа претприемачи, студенти и ентузијасти од целата држава. Четириесетте учесници се групираа во 8 тимови, и беа поддржани од 26 стручни ментори и 4 судии. Од 8 идеи во финалето продолжија 5, и од нив како најдобри беа избрани следниве:

Трето Место – QRCrew

Апликација за шопинг која ќе им помогне на локалните бизниси поврзувајќи ги со потрошувачите преку QR технологија. Испораката исто така ќе биде еколошка, вклучувајќи доставувачи на велосипеди.

Второ место – Neighbours

Платформа за поврзување на членовите на локалната заедница за солидарна акција, донации и услуги за најзагрозените, со цел да се поттикнат локалните волонтери и да се поврзат со најзагрозените на безбеден начин.

Прво место – Ways2Help

Платформа која ги поврзува добротворните организации и луѓето кои имаат потреба од помош, како и индивидуи кои сакаат да помогнат. На неа, сите организации и невладини организации кои сакаат да и помогнат на загрозената популација во кризата, ќе можат истото да го направат онлајн. Покрај можностите за донирање, платформата нуди и опции за волонтерска работа и редовно плаќање на режиските сметки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии