Њујоркшката полиција отвори нова дивизија која ќе има задача да следи криминални и криминални активности преку Facebook и Twitter. Оваа дивизија ќе копа по профилите на корисниците на овие друштвени мрежи барајќи информации за извршени криминални дела, или пак планирања да се изврши криминално дело.

Друштвените мрежи на многу пати се покажале како ефективна алатка за фаќање криминалци. Така на неколку наврати полицијата ги има искористено мрежите да намамат педофили, да уапсат криминалци кои се фалат за своите злодела, да откријат места на злосторства, и се разбира да спречат потенцијални криминални активности,. Често полицијата има отворено лажни профили на социјалните мрежи за да се инфилтрира во разни криминални групи.

Најновата информација е дека англиската полицијата ја користи новата опција на Facebook за препознавање на лица во идентификувањето на хулиганите. Веќе многу од граѓаните во Лондон преку друштвените мрежи и помагаат на полицијата праќајќи фотографии од хулиганите кои учествуваат во немирите. Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Facebook и Τwitter можат да бидат употребени за нанесување штета и дека медиумите треба да ги предадат на полицијата снимките од учесниците во немирите. Според него, британскиот парламент сега разгледува можности за забранување на друштвените мрежи на оние корисници за кои се смета дека планираат криминални активности.

Сличен пример на англискиот, е примерот со полицијата од Ванкувер која со помош на друштвените медиуми ги идентификуваше хулиганите кои беа дел од канадските немири пред неколку месеци.

Американската полиција исто така ги употребува друштвените мрежи за споделување потерници по криминалнци. Одличен пример за ова е полицијата од Утика, Њујорк, на чија Facebook страница можат да се најдат разни потерници, како и извештаи од решени криминални дела, истраги кои се во тек, официјални изјави од полицајци, и многу други корисни информации за јавноста. Полицијата од Утика на својата Facebook страница има и апликација за анонимно пријавување на било какви информации поврзани со криминални активности.

Користење на суровата статистика

Многу полициски станици своите записници ги закачуваат на друштвените мрежи, а во многу случаеви се водат и блогови, каде можат да се најдат официјалните полициски записници. Најинтересен пример за онлајн записник е интерактивната мапа на криминални активности во Сан Франциско. Оваа мапа може да се најде на веб сајтот Crimespotting, и е дело на дизајнерското студио Stamen. Овој сајт претставува визуелна репрезентација во скоро реално време на пријавени криминални активности кои се имаат случено во даден временски период.

На мапата се дадени точните локации, времето на одвивање, и видот на извршените криминалните дела. Секој вид на криминално дело има различна боја, па така кражба, вандализам, провала, и пожар, се претставени со зелени точки, убиствата со црни, тешки телесни повреди, големи кражби, и напад се претставени со црвени, додека наркотици, алкохолизам, и проституција се претставени со плави точки. Благодарание на опциите што ги нуди Crimespotting, може да се дознае во кој дел од денот се одвиваат најмногу криминални активности, локацијата каде најмногу се одвиваат, кои криминални дела се најзастапени, и многу други корисни информации.

За споредба, македонското министерството за внатрешни работи во јуни стартуваше нов редизајниран веб сајт, каде е додадена статистика за криминалот во последните 10 години. Моментално статистиката е претставена во графикони и табели, и е тешка за пратење, меѓутоа користејќи ги дадените информации, оваа статистика може да се направи лесно достапна за јавноста. Па така, по примерот на Crimespotting, можно е да се направи интерактивна мапа на криминални активности на територијата на Република Македонија, која на покорисен начин ќе ја претстави моменталната статистика и ќе стави перспектива на тоа што се случува.

2 коментари на “Како полицијата започнува да ги користи друштвените мрежи

  1. zatoa imaat oni rastureni familii (zenite gi izneveruvaat) taka ekoga se zanimavaat so tugi zivoti. Samo finta e ova, ako bese taka ke go fateva hristijanskiot militant-ubiec na deca od oslo sto masakrira deca. Sejh bin Laden nikogas ne koristel digitalni uredi taka da dzabe vezat.

  2. Пфффт!
    Што ќе им се на нашиве јавни и тајни полиции јавни мрежи?

    Нас не' прислушуваат на телефон, емаил, ни ги гледаат сметките, ма у веце не следат…
    Плус комшиите те кодошат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии