Како полесно да ги најдете најевтините и најдобрите игри од Steam распродажбата?

Летната распродажба на Steam е започната и она што повеќето од нас нè интересира е што може да се купи на Steam. Во таквата мисија, обично два фактори се пресудни. Играта треба да е добра и да не чини премногу пари. Наместо да губите време скитајќи низ непрегледните, навидум непресушни листи на Steam, она што ви препорачуваме е да го посетите следниот линк.

Горниот линк на GG Deals е прилагоден за да ви понуди листа од исклучително квалитетни игри кои имаат историски најниска цена од моментната летна распродажба на Steam. За прикажување на листата, сајтот користи напредни алгоритми каде предност дава на оние игри кои се извојуваат не само со најголемиот попуст до сега, туку и според нејзината популарност и присуство во wishlist-ите на гејмерите. Ова пружа одлични можности за добивање увид во интересите на поголемиот дел од гејмерите, како и откривање неочекуван наслов за играње.

За секоја од понудената игра, GG Deals нуди кратки, но клучни информации за жанрот, возраста за која се препорачува и попустот со кој се нуди. Кликнување на копчето Shop Now автоматски ве води на Steam страната со играта.

Пријатен шопинг!

1 коментар на “Како полесно да ги најдете најевтините и најдобрите игри од Steam распродажбата?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии