Како печатените весници се снаоѓаат во онлајн светот

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}Новата технологија им даде бесплатен пристап на читателите до содржините на весниците. Оставени само да се надеваат на онлајн реклами, додека продажбата се повеќе се намалува, печатените весници започнаа да бараат излез од незгодната ситуација поради која многу од медиумските куќи се блиску до банкрот.

Иако овој проблем се однесува за печатените медиуми во поразвиените земји, каде скоро секој има пристап до интернет, сепак не треба да се верува дека ваквата ситуација нема да се изрази и во останатиот свет, меѓу кои и Македонија каде печатените медиуми сеуште добро заработуваат од хартиените изданија.

Како што интернетот станува подостапен така и генерациите кои купуваат весници стануваат се постари.

„Ова е индустрија во изумирање. Младите не читаат весници и нашата публика старее се побрзо и побрзо“ рече Кеничии Мијата, уредник на Asahi дневен весник со 8 милионски тираж.

Некои јапонски весници објавуваат само 20% од содржината на интернет, останатото кога ќе се плати претплата, додека пак другите ја објавуваат целата содржина онлајн која, ако се занемари приходот од рекламите, станува бесплатна.

Сепак една идеја се истакнува, три дневни весници Nikkei, Asahi, Yomiuri отворија заедничка веб страна и работат на придобивање на младите читатели. Минатата недела тие промовираа апликација за iPhone и iPod која им ги носи на читателите сите вести од трите различни весника на популарните телефони, односно на iPod.

{mosimage}

Во САД пак акциите на Тhe New York Times постојано паѓаат, додека Тribune Co. пријавија банкрот, а се очекува весниците да бараат пари од владата за да ги извади од минусот. За да си ја подобри ситуацијата New York Times објави Application Programming Interface (API) преку кој можат да се најдат сите текстови на познатиот весник од последните 28 години.

Тоа ќе даде шанса сите надворешни текстови да линкаат до соодветните текстови на New York Times, весник со репутација, што може директно да влијае на се поактивното граѓанско новинарство и да ги врати весниците таму каде што треба да бидат, како валиден извор на информации.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии