Како Патрик Херис од NFL суперѕвезда стана стартап ентузијаст

Од кариера на NFL суперѕвезда и неколку илјадна публика која го скандира неговото име, Патрик Херис се привикнува на новата работа во стартапот Open Source Storage во Силициумската Долина, работа во која се чини подеднакво ужива.

„Додека растев, луѓето постојано ми велеа дака ако сакам да направам нешто навистина големо, ќе морам а имам физички предиспозции, да рипам до овде и слично. За мене ова е можност да им покажам на децата дека не ви се потребни физички предиспозиции да бидете фантастични. Јас сум човек кој не сака да зборува за работите додека прво не ги направам“, вели Патрик Вилис за Mashable.

Својата NFL кариера, г. Харис ја помина во San Francisco 49ers, тим во кој има статус на легенда. Во седум од осумте сезони, беше избран на Pro Bowl натпреварите, но повредите и стравот од последиците доколку продолжи да игра, го натераа да се повлече од теренот на 30 години иако е прогласен за дел од најдобрите на позицијата linebacker во историјата на NFL.

Приказната за неговиот влез во Open Source Storage започнува со случајна средба додека се рехабилитираше од една од повредите и почеток на пријателство со Ерик Ниази. Г. Ниази не го позна Вилис од терените, бидејќи не следи американски фудбал, а само сакаше да му помогне на соседот. Неколку месеци по пензионирањето, г. Ниази му понуди директорскo место во Open Source Storage. „Многумина доаѓаат со големо его, но Патрик не е таков. Задоволство е да се работи со него“, вели г.Ниази. Се чини дека задоволството е взаемно, а и г. Вилис ужива во тимската работа. „Во мојата претходна професија голем дел од работата се темелеше наиндивидуалност. И овде сим дел од тим, но малку е поразлично“.

willis-2

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии