Како од почетник да направите мобилна апликација за два месеци?

Мобилните апликации денес се апсолутен хит. Ако имате идеја и знаете како да ја реализирате ќе може да стартувате компанија од само една мала апликација која чини долар-два. Но, колку е тешко да се направи таа мобилна апликација? Според инженерот по биомедика Јакоб Шифтан од Мичиган, креирањето апликација воопшто не е тешко, се што ви е потребно е насока. Тој го сподели своето искуство со читателите на The Next Web, објаснувајќи ги неколкуте чекори кои треба да ги направите за да креирате апликација без големо програмерско искуство. Иако главно се однесуваат на сите, советите и неговите искуства првенствено се наменети за студентите од техничките факултети.

Неговите познавања од кодирање биле лимитирани на основи на С++ и Matlab, а во периодот од два месеци успеал да ја направи својата прва апликација за која чека одобрување од App Store. Покрај основите, г. Шифтан имал минимални познавања и од Rubi, Rails и CSS/HTML. Еве ги неговите совети:

  • Прва недела: Научете Objective C. Иако може да пронајдете курсеви од каде што најмногу ви одговара, тој ги препорачува Lynda.com пред се поради поврзаноста со остнатите курсеви. Цената на Lynda.com e 25 долари месечно.
  • Втора недела: Завршете iOS SDK курс. Најдобро е да да разгледувате видео курсеви, кои постојано презентираат што се работи.
  • Трета недела: Започнете да размислувате каква апликација саката дa креирате. Bо текот на овој процес ќе видите дека постојат работи кои не знаете како да ги реaлизирате. Користете Google, duckduckgo, Bing или било кој друг пребарувач за да го изнајдете решението.
  • Четврта недела: Креирајте апликација која ќе можете да ја тестирата, да ја споделувате со повеќе корисници и, се разбира, да ја користите. Апликацијата која г.Шифтан ја изработил помага во изборот на производи врз основа на параметри кој се однапред избрани од корисникот.
  • Петта недела: Или кога ќе се сретнете со првиот проблем за кој не можете да најдете решение, советувајте се со пријатели со повеќе искуство, прашувајте на форуми, разгледувајте страни со специјализирани туторијали.
  • Шеста недела: iPhone App курс на iTunes U. Курсот е организиран од Stanford.
  • Седма недела: Литература „Основи на развивање на iPhone апликации“ најкорисната алатка од сите според авторот.
  • Осма недела: Започете да работите на вашите апликации, ова е најдобриот начин за учење на кодирање.

 

3 коментари на “Како од почетник да направите мобилна апликација за два месеци?

  1. Сето ово убаво ама мислам дека е испуштен еден многу битен момент во целата оваа идила.
    Машина на која има инсталирано Mac.

    A minimally sufficient development environment for iOS applications is composed of just an Intel based Mac. Owning an iPhone, iPod, or iPad is optional, but extremely helpful. source :http://www.codeproject.com/Articles/88929/Getting-Started-with-iPhone-and-iOS-Development

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии