Како Мусала Софт #РаботиОдДома

Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Неодамна имавме текст за тоа како светските ИТ компании се справуваат со пандемијата и предизвиците кои ги носи. Очекувано најголем дел од читателите беше позаинтересиран како со епидемијата се справуваат локалните компании.

Па затоа, во серијал насловен “Како [локална компанија] #РаботиОдДома” од повеќе текстови ќе се обидеме да презентираме што прават најголем дел од ИТ компаниите кои се од Македонија или имаат канцеларии во Македонија.

Ова е праксата на е официјално претставништво на Мусала Софт во Македонија. Мусала Софт е интернационална компанија која има дистрибуирани тимови на повеќе локации. За работата во овие отежнати услови зборувавме со Роберт Павлов, оперативен директор на компанијата.

Како се справувате се овие отежнати услови за работа?

Поминати се веќе 6 месеци откако го сменивме начинот на работа и работењето од дома е веќе новата нормалност. Мусала Софт е интернационална компанија која има дистрибуирани тимови на повеќе локации и во повеќе држави и ваквиот начин на работа не е нов за нас. Имајќи го ова во предвид, преминувањето на работа од дома дојде повеќе како еволуција отколку револуција на работните процеси.

Ако направиме чекор наназад, 2019 за нас беше година на сериозно преструктуирање на интерните процеси. Ова преструктурирање доведе до поголема транспарентност за тим лидерите, можност за финансиска контрола во реално време што ни овозможи подобра ефективност и брзина во донесување на менаџерски одлуки. Сето ова се покажа како одлична подготовка за неочекуваната криза со COVID-19 низ која успешно поминуваме. Финансиските прогнози од 20% раст остануваат непроменети, дури има веројатност дека ќе ги надминеме.

Какво е влијанието врз работата и клиентите?

Во Мусала Софт работиме на проекти од најактуелните области – IoT, BigData, Cloud Integration, Augmented Reality, Connected Cars, Smart Home и многу други. Над 90% од нашите клиенти се компании кои ја креираат иднината – технолошки гиганти како што се IBM, VMware, SAP и лидери во иновации како Deutsche Telekom, Commerzbank, BMW, Perkin Elmer итн.

На почетокот на кризата мал број на клиенти покажаа одредена резерва во однос на нови проекти, но, бизнис потребите брзо ја надминаа иницијалната претпазливост и за краток период сe вративме на веќе воспоставеното темпо на работа.

Воведувањето на вонредна состојба не влијаеше на испораката на услуги. Напротив, некои тековни проекти требаше да се зголемат/забрзаат за да се исполнат новите – поголеми потреби на клиентите (на пр. дигитализација, што е клучно за многу бизниси). Дополнително, нашето портфолио го проширивме со нови клиенти од најразлични индустрии и технологии, кое е огромен плус за целата компанија.

Кои алатки ги користите за да ја олесните работата од дома?

За еден ден над 140 колеги од нашата канцеларија во Скопје без никаков проблем се префрлија да работат од дома.

Клучот за нашата ефективна комуникација е VING – апликација развиена од Мусала Софт која служи за конференциски и видео повици. Ова е комуникациска платформа што ја развиваме веќе неколку години со цел да ја олесниме комуникацијата помеѓу географски дистрибуираните тимови. Имаме и MyMusala – мобилна апликација преку која ги информираме колегите за сите тековни новости и настани.

Дополнително, секој тим има дефинирано свои комуникациски канали и алатки, така да се користат и MS Teams, Skype, Slack, Mattermost и сл.

Кои се предизвиците при работа од дома?

Предизвиците се најразлични. Тргнувајќи од домашни миленици, деца, реновирање во соседството преку организацијата на домашната канцеларија, па се до правилно разграничување на работното време и времето за себеси.  Кога работното биро, просторот за вежбање, трпезариската маса и катчето за пауза се наоѓаат на исто место  дефинитивно треба поголем напор да се избалансираат различните аспекти од животот.

Во периодот на изолација во Мусала Софт организиравме разни иницијативи кои помогнаа да постигнеме рамнотежа: спорт, читање приказни за деца, дневен билтен со совети и трикови за како да го исполниме слободно време (идеи за готвење, културни настани преку Интернет, концерти, работилници за деца и многу повеќе).

Ги адаптиравме и неделните тренинзи и состаноци за споделување на добри практики да се одвиваат online. Продолжуваме да дискутираме за проекти, технологии и инспиративни лични приказни. Споделуваме корисни книги, хобија и активности за слободно време. Знаеме дека за да се чувствуваме добро, мора да продолжиме да учиме нешто ново секој ден и секако покрај менталното да го одржуваме и физичкото здравје.

Имавте ли некој специфичен предизвик кој можеби не можевте да го предвидите?

Благодарение на заедничките вредности, добро развиените процеси и иновативните практики, успеваме да одговориме на сите предизвици. Новото нормално се покажа како нова можност за нас. Ни покажа нови димензии на сè што правиме – внатрешни процеси, проекти, деловни активности, клиенти, иницијативи, настани. Благодарение на заедничките вредности и посветеност, заедно, од далечина ја одржуваме корпоративната филозофија на „Мусала“ и првата половина на годината ја завршивме со импресивни компаниски резултати.

Сепак се покажа дека најголемите предизвици во изминативе 6 месеци беа недостатокот на добро кафе и дружењето со колегите.

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии