Како #mkfail завладеа со нас…

Македонската Twitter заедница е интересна група луѓе. Има ИТ професионалци и ентузијасти, дизајнери, луѓе кои се бават со ПР, маркетинг, менаџмент, има студенти, новинари, активисти… со еден збор креативци и оние луѓе кои можат треба да придонесат нешто за иновацијата во македонското општество.

Но, зошто тие креативци се преземени од #mkfail тагот, зарем сеирот и исмејувањето е попривлечен од #mkwin, споделувањето идеи и успесите. Можеби нема многу успеси во Македонија, но зарем креативците не треба самите да иновираат и да сподеалат и создадат кул идеи?

Појдете само од концептот на Twitter. Преку кратки пораки кои бараат креативност да ги спакуваш во 140 карактери, пораки кои се јавни за сите, можат да се споделуваат идеи со сите! Имаме и локални сервиси кои ја откриваат .мк Twitter заедницата, пр. 140.мк. Одлично место за обединување на мислите и идеите, нели?

За жал сервисот за микро-блогирање, станува преплавен со #mkfail тагови. Некои се комплетно валидни и треба да се истакнат, со цел да не се повтори грешката или заради оправдана критика, но некои се навистина банални и непотребни.

Можеби креативците останаа без идеи?

п.с. Сигурен сум дека има некој кој ќе се нафрли врз IT.com.mk/nagradi-те велејќи дека и ние имаме категорија #mkfail, можеби со право, но целта на наградите е да бидат слика на нашето ИТ општеството и неговите (не)достигнувањата.

38 коментари на “Како #mkfail завладеа со нас…

  1. Значи сајтот кој наградува за најдобар #mkfail напиша статија која е против #mkfail?

    omfg, lolz, stfy, rly итн.
    (кратенки кои ги користат админите кога немаат што да реплицираат)

    1. "наградува за најдобар #mkfail" . По ова што е комплетно погрешно напишано знам дека ни текстот си го читнал, ни наградите ти се јасни.

      Значи 1. не „наградуваме“ #mkfail, и 2. нема „најдобар“ fail… roflcopter …

  2. не ми е срам да напишам mkwin…али што да се праи кога има реално повеќе mkfails !!! (видете ја државичкава…греотка! !!!

      1. :)
        мило ми е што ти се допадна, може понатаму можеше да се направинешто како user-run сајт кој секој што сака ќе постира. е тогаш може стварно да се види колку fail сме :)

  3. се препознав во текстов и баш сум #mkfail. фала IT. :))

    коментариве дека текстов е #mkfail ви се #epicmkfail!
    (пак терам по старо, а?! :р)

  4. Малце ми е парадоксална статијата но сепак ве подржувам во иницијативата за подигање на свеста на нашите твитерџии :)

    Она што сакам да го кажам е: "двапати мисли, еднаш твитни" т.е. пред да му доделите некому #mkfail помислете што имате направено на тоа поле, што е тоа што ве прави вас по компетентни за да доделете некому #mkfail.
    Човечки е да се греши и да учиме истите грешки, всушност секој напредок кој го имаме постигнато како цивилизација е благодарност на способноста да се учиме од грешките. Но што ќе се случи ако не оставаме простор за грешка ??? Што ќе се случи ако стигнеме до тој степен кога една индивидуа со одлична идеја се плаши да ја реализира истата идеја само заради тоа да не се најде под тежок оган од #mkfail-ови?

    1. "Што ќе се случи ако стигнеме до тој степен кога една индивидуа со одлична идеја се плаши да ја реализира истата идеја само заради тоа да не се најде под тежок оган од #mkfail-ови? "

      Веќе сме до тој степен! Кај нас е кризна ситуација, се чека само некој #mkfail да направи за да има за што да се оговара.

      1. :) Сериозен ли си
        "Што ќе се случи ако стигнеме до тој степен кога една индивидуа со одлична идеја се плаши да ја реализира истата идеја само заради тоа да не се најде под тежок оган од #mkfail-ови? "

        Можеби ќе се потруди помалку грешки да има мислам дека #mkfail е одлично бидејки побрз начин да си ги дознаеш грешките нема :)

        #mkfail Има доста успешни примери каде што грешките се поправени
        п.с
        освен стабилноста на телекабел после Македонците биле ливери на Дота

  5. Познавам многу кој се над 40 и имаат твитер смени ја литературата што ја читаш.
    Ок Виктор ќе бидам искрен…
    Апликацијата која освои прво место е шит.
    Реална примена никаква. Денот се познава од утрото искрено апликацијата не заслужува да се најде ни во првите 10. Сами покажаа и ВИП дека е наместена работа не беше спомната во ниту една реклама туку упорно се рекламира апликациите за Паркинг и второ наградената.
    Зошто овој ''mkfail vs mkwin'' после TedxSkopje? Бидејки на троловите им скисна од само фаљење. Буквално се посравте од фалење.
    Да не должам многу TedxSkojpe + Само фалење = #ultimatemkfail.
    п.с
    Виктор твоите постапки ме потсеќаат на Бадијалја админ Џелатот ''Ал„ друг пат такви постови не. Го направите сајт за социологија и к`ч
    Чекам ИТ статија

  6. a vasite postovi "KOLKU SE BEZBEDNI MAKEDONSKITE SAJTOVI?" sto se?
    #mkfail ama bez tag.. isti ***** drugo pakovanje. aj be zemite prajte nesto saglam so sajtov dosta zamarate za nesto sto i vie go pravite.

      1. ili ednostavno napravite search 'mkfail' na itcommk i videte sami kako gi tagirate vasite postovi.
        ТИШЕ ТАМУ НЕ КРЕВАЈТЕ ПОВЕЌЕ ГАЛАМА.

  7. 1)
    на прв поглед постов ми заличе како обид да се диктира правилник за тоа кој, што и зашто може да пишува на микроблог платформа во сопственост на странска корпорација, но сепак увидов дека ентузијазмот на авторите на ајтиком мк е голем и позитивен, па ненамерно им се вплеткала идејата за воспоставување контролиран тајмлајн во македонската твитосфера

    па затоа само ќе укажам само на некои ситни грешки/не толку грешки , разлики би рекол/ во размислувањето.

    познато ни е на сите , правилата на твитер платформата се едноставни , follow,unfolow и block, за поекстремни случаи и report

    2)
    за фелеричноста http://www.twitlonger.com/show/6thqsk

    троловски поздрав

  8. Млади ИТ луѓе?
    Доколку имам twitter не значи дека сум МЛАД и дека сум ИТ кадар.
    Доколку го користиш фотошоп незначи дека си ИТ кадар фотограф, уметник.
    Зарем не помисливте на тоа или рачно ја правевте статистиката и гледавте биографија на секој т.н трол?

    п.с

    Ги поврзав банките и сл. бидејки секоја #win идеа е врзанa со пари-трансакција-банка->пари
    Или предлагате младите да измислат топла вода (Зарем цацко не ја измисли веќе).

    Скорешен пример.
    Имаше многу идеи за Андроид натправарот , но многу млади се одкажаа од своите идеи бидејки требаше да платат сума околу 20$ за учество. Можеби тоа беше добар филтер за лоши и добри идеи.
    Размисли како еден средношколец ќе му објасни на својот родител да му даде 20$ за нешто виртуално, а родителот зима плата секој втор месец бидејки газдата на фирмата пробува да скрати од трошоци збира за избори . (во приватниот сектор законски плата може да се касни два месеца)

    1. dr_virus со сета почит ама …

      1. На Android натпреварот победи апликација која не е врзана за пари и банки, туку за општествено добро.

      Нема ваљда да ми кажеш дека со поправи.мк општините ќе даваат пари, што ќе ги земат од кредит од банките итн…. Момците измислија топла вода и добија пари да си започнат свој бизнис. :)

      2. Прво се буниш што сум рекол „млади“ потоа како „средношколците“ немаат 20 долари. Што се 1.000 денари за да се вклучиш во натпревар каде можеш да си ја промовираш апликацијата? Имаше тимови од 2 до 5-6 луѓе. Подели ја сумата.

      3. Доколку имаш Twitter тогаш 99.9% е шансата дека си меѓу 18 и 40, а тоа е целата категорија млади луѓе.

  9. И ве молам повеќе да не пишувате статии поврзани со опшетеството многу забегавте дајте некој повеќе ИТ ориентирани на проблеми и решенија.
    Сепак името ви е ИТ оставете ги овие текстови на соросоидите не им го зимајте лебот
    Направете некое реално истражување за ебзинис, трговија такси на поштите царинење и сл работи.
    Верувам дека вашите посетители многу многу не се по трч теми

    1. хаха, како успеа да поврзеш #mkfail текст со банки и теорија на заговор, „соросоиди“, такси … се работи за млади ИТ луѓе кои место креативни идеи, маваат кој поголем #mkfail ќе направи…

      Да, општеството има огромен удел тука, ама човек ти ептен му се нафрли …. :))

  10. Зарем не ја свативте поента редко има #mkwin . За жал таа е ситуацијата и за овaa статија би дал #mkfail бидејки се истрошани многу зборови против #mkfail . Кога не ни оди тоа е бе луѓе. Сепак мислам подбро грешките да ти ги кажуваат одколку да те фалат бидејки ќе ги знаеш грешките и ако си заслужен за #mkwin ќе ги поправиш.
    Место да ги маркирате луѓето како тролови за почеток потрудете се со брзината на ИТ.ком.мк во последно време е многу чудна

    1. "Кога не ни оди тоа е бе луѓе."

      Ајде да се откажеме од се што работиме тогаш и да троламе… смешно е. Со таков став, ништо не бива. Тоа е поентата на статијава. Не се концентрирајте на проблемите, туку на решенијата.

  11. статијата ми изгледа како потикната од твитовите за #mkfail на натпреварот

    а и ВИЕ(ИТ тим) сте малку контрадикторни, од едну страну давате #mkfail на натпревар од другу жалите се зашто има повише фејл (а зашто има согласују се сс @misterioz )

    1. Сигурен сум дека има некој кој ќе се нафрли врз IT.com.mk/nagradi-те велејќи дека и ние имаме категорија #mkfail, можеби со право, но целта на наградите е да бидат слика на нашето ИТ општеството и неговите (не)достигнувањата.

      1. добро тој ми е јасно за награду, иако би додаја и #mkwin #mkfail настан, ради рамнотежу и покрај останати други категорије
        поента ми е на статију, по све изгледа мотивација ти е на тој препукување сс виктора :)

        иначе не га сваќај толко сериозно (исправно) таг, има доста твитерџије кои не користив тагови и сл

      2. #mkwin се наградите за најдобра личност, сајт и компанија/организација…

        тагот #mkfail е симболично тука земен в предви, покрај статистиката има и уште куп твитови кои се со негативен став. @dasaf има добра илустрација за атмосферата на друштвените мрежи. И покрај тагот се изгледа некако непотребно тролање.

        p.s. чудно ми е на кумановски да одговору на македонски, али мора да се биде одговоран :P

      3. тролање и тропање немора да се земе како негативно има ситуации каде е позитивно, разбирање досада и монотоност,

        има се моменти каде на твитер е доста позитивна и добра атмосфера, али неможе да биде увек такој, тој е утопија а утопија не постои

        (и ја колко толко гледам македонски да пишују, али некад исбега од контролу кумановски :))))

      4. хехе, имав дискусија предходно за што е „тролањето“, кога е дискусијата позитивна, кога не е негативна или кога има поента тогаш тоа е „критикување, креативна аргументација итн итн.“.

        Јас „тролањето“ го сваќам како „еднострана расправа од трол кому му е досадно па е спремен да критикува што стигне, без намера да дискутира или да согледа други поенти“ :)))

      5. па гледано така во право си, поголем дел од случаи тролање шири негативна енергија, ретки се каде е аргументирано тролањето е добронамерно, со цел да се подобри или согледа на грешки итн итн :)

  12. #mkfail е поткрепен повеќе од #mkwin поради многу причини.
    Една од нив е социолошката ситуација во нашата држава,
    каде се случуваат многу повеќе лоши отколку добри работи.
    Луѓето кои се корисници на твитер сервисот, сакаат слободно
    да ги искажуваат своите мислења и реално гледано од било
    која страна има многу повеќе fail отколку win ситуации во
    нашето општество. Креативците кај нас се преокупирани
    со работа и како да си го средат животот во оваа проста
    државичка и самото тоа и предизвикува притисок кој им
    оневозможува да мислат на win/mkwin работи. Доволно
    е човек да погледне околу себе и ќе свати зошто има повеќе
    mkfail отколку mkwin.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии