Како Македонија остана без пренос на иднината?

Добредојдовте во иднината“ е насловот со кој Guardian ги најави Олимписките игри 2018 година. Иронично веста излезе речиси во истиот период кога дознавме дека Македонската радиотелевизија не ги откупила правата и нема да врши пренос на Олимпијадата.

Поради ова граѓаните на Македонија ќе останат без врвни спортски, но и човечки достигнувања. Дополнително, Олимписките игри речиси постојано се проследени со некоја технологија која се користи за следење на резултатите. Исклучок нема да биде ниту оваа година, кога ќе има куп уреди кои ќе ја следат формата на учесниците. Со оглед на тоа дека Олимпијадата се одржува во Јужна Кореја, не е изненадување што Samsung ќе биде една од водечките компании во Пјонгчанг.

 5G интернет

Олимписките игри ќе бидат првата локација каде ќе биде претставена 5G мрежата. Со брзина до 100Mbps, Intel кој ја постави мрежата, ќе се обиде да ги импресионира посетителите. Со оваа брзина Intel ќе се обиде на посетителите да им ја презентира иднината со стримови и проширена реалност.

SmartSuit на Samsung

Јужнокорејскиот гигант овој пат му конкурира на UnderArmor. Двајца холандски репрезентативци во брзо лизгање ќе го носат оделото на Samsung кое е преполно со сензори. Сензорите ќе им овозможат на тренерите да ги добијат податоците за положбата на клизачите во било кое време. Оделото нема да биде достапно во текот на трките, туку единствено на тренинзите.

MIPS кациги и воздушни перничиња

Нова кацига за заштита на скијачите кои можат да скијаат со огромна брзина. За заштита од ненадејни удари, MIPS помага да се намали вртењето на главата при ударите од капиите. Воздушните перничиња се дел од оделата за скијање кои како и кај автомобилите, служат да ги намалат последиците од ударите.

Олимписките игри започнуваат на 9-ти февруари и се одржуваат до 25-ти февруари. Претплатниците на Еуроспорт ќе можат да ги гледаат во живо, но за жал поради неодамнешното недоразбирање на Vip и Телеком со застапникот, бројот на гледачи ќе биде намален. Секако за следење на содржината ви останува интернетот. Сепак за најголем дел од Македонците, Олимписките игри се поврзуваат со националниот сервис, кој овој пат без никакво сомневање потфрли!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии