Како Лери Пејџ и Knowledge Graph го убедија Реј Курцвел да му се приклучи на Google

Реј Куртцвел е еден од највлијателните пронаѓачи на денешницата, автор, футурист и од неодамна директор на одделот за инженеринг во Google. Човекот кој медиумите во САД го нарекуваат „неуморен гениј“, „совршена размислувачка машина“ или „вистинскиот наследник на Едисон“ неодамна имаше интервју за SingularityHub во кое зборува за своите први месеци во Google.

Веќе половина век г. Куртцвел има посветено на креирање на вештачка интелегенција, неговата прогноза е дека првата машина која ќе се квалификува за AI успешно ќе го помине тестот на Туринг до 2029. Иако сакал да започне компанија во која ќе го релизира својот проект за креирање на кибернетски мозок Лари Пејџ го убеди дека токму Google e компанијата за ваков проект.

„Лари Пејџ ме регрутираше, Се сретнав со него да разговараме за мојата книга ‘Како да креитате ум’ во јули. Му реков дека сакам да креирам компанија за реализација на овие идеи, Ме убеди дека токму Google е местото кое ги има ресурсите кои ми се потребни.“, вели г. Куртцвел.

Google Knowledge Graph е една од алатките кои ќе му го овозможи остварувањето на долгогодишниот сон на г. Куртцвел, пред се да му помогне за компјутерите да го разберат јазикот на луѓето, масивниот Knowledge Graph е уникатен со 700 милиони поими и милијарди поврзувања помеѓу нив. Тоа не можете да го крирате самите, вели г. Куртцвел.

[youtube]B4jhMGzml7I[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии