Како Крис Путнам го нападна Facebook со вирус и за тоа доби работа

Малку повеќе за вирусот

Во 2005-та година, Крис Путнам напиша компјутерски вирус кој во многу голема брзина се прошири низ Facebook. Заедно со двајца колеги од факултет, креираа вирус кој ги претвара Facebook страниците во Myspace страници, барем нивниот изглед, но за жал вирусот бришеше и дел од контакт деталите на сопственикот на заразениот Facebook профил. Крис сигурно во тие денови не ни претпоставуваше до каде ќе го доведе оваа негова „несолена” шега.

Путнам на овој проект не работеше сам. Негови партнери во хакерскиот експерименти се двајцата колеги Марсел Лавердет и Кајл Стоунман Вирусот бил XSS базиран и се ширел брзо низ Facebook како не цензурирано поле од профилот (Websites).

Заедно со Лавердет, напишаа библиотека во JavaScript која реплицирала многу од функционалностите од Facebook, како додавање на пријател, праќање на пораки, пишување на ѕидови и сл. Во исто време, Лавердет и Стоунман се погрижиле за CSS stylesheet кој го правел профилот на Facebook да изгледа исто како Myspace. Kако што вели Путнам, кога гледате заразен профил од неговиот вирус ги има следните три симптоми – e пријател со неговиот тест профил, профилот изгледа како Myspace, и се копира на вашиот профил.

Како го фатиле

Toj бил лоциран како креатор на вирусот бидејќи сите заразени профили биле пријатели со неговата тест сметка. Путнам доби порака од директорот за операции на Facebook, Дастин Московиц, која не беше закана во никој случај, туку само предупредување дека неговиот вирус брише информации на други корисници и дека тоа не е е во ред. Во период од месец и половина, Московиц и Путнам разменуваа пораки во кои Путнам му раскажувал се за својот вирус и некои други недостатоци на Facebook кои ги нашол, не престанувајќи во меѓувреме да прави други проблеми настрана.

Работата во Facebook

Путнам во 2006-та година реши да го напушти факултетот и доби понуда за интервју во компанија во Силиконската долина. Тоа му го кажа тоа на Московиц кој веднаш му понудил работа во Facebook.

„Сега, ова се чинеше многу фино и се, но тоа беше период од историјата која Myspace само што поминаа низ нешто слично – дечко прави безопасен XSS вирус (worm), компанијата се нуди да го вработи – но во нивниот случај, тие наместиле да го уапсат само што стигнал во LAX, и го претворија во осуден престапник.”, вели Путнам.

Како и да е, Путнам не можеше да ја пропушти оваа неверојатна прилика да биде дел од тимот на Facebook, па храбро се упатил на интервју и, за среќа, наместо полиција, таму го чекаше Московиц. Путнам почнаа да работи неколку дена по интервјуто, а после некое време го убеди и другарот Марсел Лавердет да го остави факултетот и да им се придружи.

Запознајте го лично Крис Путнам, во видеото од крајот на 2008-та година, каде дава интервју како лидер на видео тимот на Facebook, и кажува и за тоа како се вработил.

1 коментар на “Како Крис Путнам го нападна Facebook со вирус и за тоа доби работа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии