Како изледа Battle Royale во Battlefield 5?

Лудилото по Battle Royale игрите никако не стивнува. PUBG и Fortnite не само што сѐ уште се на тронот, туку и нови игри неуморно пробуваат да се искачат на врвот и да го делат и онака тесното место. Apex Legend никој не ја очекуваше. Дојде тивко, но веќе успеја да спечали скоро 100 милиони долари. Прашината од таквото нешто сѐ уште не слегнала, а Dice почнаа да задеваат со уникатен обид за Battle Royale мод во Battlefield 5.

Како што можевте да забележите од горниот демо приказ, играта започнува на начин кој е карактеристичен за BT жанрот. Сѐ паѓа од небото и се здружуваат сили за барање оружја и намирници. Кругот се стеснува на мапа за која се проценува дека е 10 пати поголема од најголемата мапа во Battlefield V – Hamada. Battle Royale во Battlefield 5 нѝ остава впечаток на преубаво и крајно комплексно искуство во кое возилата се црешата на врвот од тортата. Возилата играат огромна улога, особено кога ќе се земе во предвид и деструктабилностa на зградите во кои се криете. За разлика од поголемиот број BR игри, во BV модот Firestorm постојано ќе се охрабрува движењето затоа што оној што има тенк лесно ќе може да ги уништи зградите и сè што се осмелува да се крие таму. Интересно е тоа што ќе можете да играте со кој било од војниците од стандардните мрежни модови, но нема да бидат достапни способностите кои се уникатни за секоја класа, туку само нивниот изглед.

Во BR модот на Dice играте во тимови од по четворица против вкупен број од 64 играчи. Покрај 17 возила кои или сејат целосна деструкција или даваат брз пристап од точка А до точка Б, пешадијата лесно ќе може да најде и против-тенковска артилерија. На огромната мапа, ќе има и неколку споредни задачи кои, доколку ги исполните, ќе добиете многу подобар плен.

Battlefield 5 Firestorm е излезена, но не е бесплатна. За да ја играте, потребно е да ја имате основната Battlefield 5 игра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии