Како изгледале веб страните пред 10 години?

Би можеле да се изненадите од тоа како изгледале одредени веб страни пред десет години. Би можеле и да се изненадите од тоа зошто би некој пишувал за тоа како изгледале одредени страни пред десет години. Во денешно време, можете да се изненадите од многу работи. Подобро, да не размислувате премногу на таа тема.

Ten Years Ago е веб сајт кој ќе ви прикаже како изгледале 15 популарни сајтови во декември 2007 година. По посетување на сајтот изберете одредено лого, како YouTube, IMDb или IGN и ќе можете да скокнете назад во времето за една декада. Кај повеќето од понудените сајтови, забележителни се не-толку-суптилните хирушки зафати, кои се замислени да ја рефлектираат моментната технологија и дизајнерскиот тренд. Интересно, го има и reddit, но проверување како изгледал редит пред десет години е како да проверите како сте изгледале на слика од вчера.

Најдобро да не размислувате и за тоа.

Оние кои навистина сакаат да запловат во времето, дефинитивно ви требало да се упатат на web.archive.org. Оваа датабаза ви дозволува темелен увид на 308 милијарди сајтови . Едноставно пребарајте го саканото URL и изберете дата за да видите како сајтот изгледал тогаш. Имајте во предвид дека одредени слики и елементи би можеле да недостасуваат, но тоа е цената која се плаќа за играње со времето. Во секој случај, знаете како викаат…

А, како изгледаше IT.mk пред 10 години?

IT.mk од стартувањето на форумот во март 2007 година

Порталот во март 2008 година

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии